Времето денеска променливо со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Наутро е ведро и сончево, но попладне ќе има влажен бран кој што ќе донесе повремени врнежи кои ќе бидат поизразени во западните, северозападните и во северните предели.

На повисоките места се очекуваат врнежи од снег.

Максималната дневна температура ќе се искачи до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 12 степена.