Денеска времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Врнежите од изутрина се преместуваат кон исток, каде што ќе се пообилни, но краткотрајни.
Во текот на денот ќе биде претежно облачно, претпладне и повеќе на истокот од земјата со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен југоисточен ветер.
Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.
Температурата ќе достигне до 17 Целзиусови степени.
Од петок се очекува сончево време, со мала до умерена облачност и дневни температури од 16 до 21 степен.