Во Турција пуштена од притвор новинарката на „Би-би-си“

Турските власти ја ослободија од притвор дописничката на „Би-би-си“ која известувала за немирите на североистокот од Турција. Таа во притвор помина еден ден без образложение.

Новинарката Хатиџе Камар, која работи за турскиот сервис на „Би-би-си“, беше притворена вчера во провинцијата Сирт.

Таа ноќта ја поминала во седиштето на полицијата во Сирт.

Камар известувала од инцидентот во рудник во таа област, во кој неколку работници загинале, а сè уште во тек е спасувачка операција на оние кои останале заробени.

„Би-би-си“ наведува дека не постои оправдана причина за апсење на нивната дописничка, која е водач и на локалното здружение на новинари.

Во саботата во Дијарбакир на југоистокот на Турција уапсен е и новинар на „Гласот на Америка“.

Турција за време на изминатите неколку месеци ги зајакна мерките против медиумите и притоа затвори повеќе од 170 редакции. Во притвор моментално се наоѓаат повеќе од 120 новинари.