Во првиот квартал од годинава имало 7.600 огласи за работа, најбарани биле продавачите

Најмногу се барале продавачи во малопродажни објекти, а најмногу отворени директорски места имало во трговијата и во финансиските , според Кариера.мк

Фото: Мета.мк

Во онлајн етерот во првиот квартал од годинава нови работни места објавиле 1.400 различни компании со 7.600 огласи за работа, покажуваат податоците на Кариера.мк, направени со помош на HR скенер алатка.

Најмногу се барале продавачи во малопродажни објекти, а најмногу отворени директорски места имало во трговијата и во финансиските институции.

Според податоците на Кариера.мк, најбарани позиции, освен продавачите, биле и комерцијалистите, економисти/ревизори и магационери. Индустрии со најголем број отворени работни места биле трговската, прехранбената, автомобилската индустрија и туризмот.

Во трговската индустрија најбарани работни места биле продажен персонал, магационери, хигиеничари и административни работници.