Во последните 24 часа евидентирани 75 нови случаи на ковид-19

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Во изминатото деноноќие, направени се 745 тестови за ковид-19, а регистрирани се 75 нови случаи, информира Министерство за здравство. Од нив, 23 се реинфекции.

„Регистрирани сe 94 оздравени пациенти во текот на изминатите 24 часа. Не е регистрирано починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (56г) и Кавадарци (84г), починати во период од 21.09 до 02.10. Лицата се починати во домашни услови“, велат во МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 2.164.862 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.143, бројот на оздравени пациенти е 333.158, на починати е 9.539 а бројот на активни случаи изнесува 446.