Во Орман пронајден маж со повреди на главата, починал на Клинички

Според дел од медиумите, се работи за бизнисменот Чедомир Радомировиќ, кој беше основач на фирмата „Техноком“ и на Радо банка

Фото: Stephan Wusowski from Pixabay

Возрасен маж со иницијали Р. Ч. синоќа со тешки повреди на главата бил пронајден покрај возило кај скопското село Орман, а откако бил пренесен во болница, им подлегнал на повредите, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера во 18.50 во село Орман до паркирано возило „Лексус“ со скопски регистерски таблички е пронајдено машко лице кое крварело во пределот на главата, а покрај него имало пиштол и чаура. Утврдено е дека станува збор за Р.Ч.(67). Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Според дел од медиумите, утврдено е дека се работи за бизнисменот Чедомир Радомировиќ, кој беше основач на фирмата „Техноком“ и на Радо банка.