ВМРО-ДПМНЕ: Според Заев, криминогениот Османи треба да ја европеизира државата

Зоран Заев назначува за шеф на преговарачкиот тим за преговори со ЕУ, човек кој пред три години го обвинуваше за криминал и му поднесуваше кривични пријави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопшетнието се додава дека „според стандардите на Заев, Бујар Османи кој до пред извесно време беше криминоген сега ќе треба да ја европеизира Македонија.“

„Зоран Заев е човек кој денес едно зборува, а утре друго. Република Македонија е жртва на неговата политика базирана на лаги, манипулации и тргување со националните интереси. Власта не води грижа ниту за државата, ниту за граѓаните. Зоран Заев и СДСМ ги кршат Уставот, законите и процедурите, за по секоја цена да го спроведат капитулантскиот договор. Менувањето на Изборниот законик со цел да се изигра и заобиколи законската обврска и зададената практика за гласање на ДИК со дво третинско мнозинство и со консултација на опозицијата е гушење на демократијата и претставува удар врз досега воспоставената пракса која гарантира изразување на волјата на граѓаните“, се додава во соопштението.