ВМРО-ДПМНЕ: Кога нема бројки, за СДСМ нема ни загадување

Кога има можност да направи нешто за загадувањето, СДСМ го игнорира проблемот како да не постои, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Кога не ги гледаш бројките, исто како да нема загадување – тоа е философијата на СДСМ. Тоа е сè што СДСМ направил за загадувањето. Мижел, молчел и се молел да помине. На граѓаните им треба сериозен пристап за овој сериозен проблем, кој влијае на здравјето на граѓаните, а не партија како СДСМ која никогаш не се грижела за здравјето на граѓаните, а сега манипулира со тези за да приграби ситни политички поени“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.