(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со хеликоптер

Нешто подоцна откако градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, се обрати преку Фејсбук, противпожарната единица Струмица објави дека тој и останатите засегнати се евакуираат од местото

Фото: Принтскрин - Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов

Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, пожарникари од струмичката противпожарна бригада и неколку граѓани попладнево се нашле опколени од огнените јазици на планината Огражден каде што во моментов има активен пожар. Информацијата доаѓа преку видеообраќање од неговиот Фејсбук профил.

Божинов изјави дека се наоѓаат на 1.000 метри надморска височина и дека сите копнени врски во моментот им се прекинати.

Нешто подоцна откако градоначалникот Божинов се обрати преку Фејсбук, противпожарната единица Струмица објави дека тој и останатите засегнати се евакуираат од местото со помош на хеликоптерите од Словенија.