Варуфакис: Ова е свет момент за надежта

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, го оцени денешниот референдум како свет момент за надежта. Истакна дека по пет години неуспеси и неможнoст да го каже своето мислење, грчкиот народ конечно има можност да се произнесе за последниот предлог на европските кредитори и на Еврогрупата.

– Ова е свет момент кој дава надеж на Европа дека заедничката валута и демократијата може да живеат заедно – истакна Варуфакис.