fbpx

Утре и задутре ќе се одржи конференцијата „Време за ресетирање“ во Јавна соба

-

Центарот за современи уметности – Скопје и Фондацијата Отворено Општество – Македонија утре и задутре во Јавна соба, Скопје ја организираат конференцијата „Време за ресетирање – Предефинирање на моќта на заедниците преку креативен активизам и ангажирана уметност“.

„Многу демократски влади на Западниот Балкан – па и надвор од него – бележат неповолни тенденции и се предмет на назадување поради тоа што се придвижуваат во авторитарна насока. Широкозастапен е консензусот дека граѓанскиот ангажман е клучен за поттикнување на балансирана власт и токму затоа се вложуваат значајни ресурси во подигнувањето на граѓанската свест за важните прашања. Претставниците на граѓанското општество (организациите, активистите, уметниците и различните платформи за дејствување) создаваат наративи насочени кон развивање интерес за ангажман на општата јавност како и за граѓанско мобилизирање во кампањи за застапување. Сепак, се уште се ограничени ефективната граѓанска мобилизација и јавното дејствување, во смисла на опфат и влијание“, се наведува во соопштението за конференцијата.

Организаторите појаснуваат дека оваа конференција се стреми да осмисли нови приоди за оние кои застапуваат општествени промени и ги пренесуваат на следното ниво. Познати теоретичари, ангажирани уметници, активисти и организации што промовираат слични или комплементарни иницијативи ќе ги анализираат научените лекции и ќе ги продискутираат претстојните предизвици и можности.

„Настанот има за цел да ги капитализира овие искуства со надеж дека ќе инспирира уште покреативни и поиновативни граѓански акции, ќе создаде позитивни синергии и учења и ќе постигнат ефект на мултипликатор во заедниците во иднина“, се наведува во соопштението.

На првиот ден од конференцијата ќе се промовираат книгите „СОЗДАВАЊЕ ПРОМЕНА: Разгледување креативни приоди за акција против корупција во Западна Африка и Западен Балкан“ и „Уметнички/креативен активизам во Македонија: Враќање на јавниот простор преку граѓански активизам 2006-2020“. Ќе се прикаже и документарниот филм „КреаАКТ: Креативни приоди во борбата против корупција ан Западен Балкан и во Западна Африка“, а за од 20 часот е предвидена уметничка интервенција проследена со прием.

На 1 октомври (сабота) ќе се одржи панел дискусијата „Квака 22“ со поглед кон иднината дел (I)“, на која ќе учествуваат Искра Гешоска, претседателка на Контрапункт, Андреа Линенол, координатор на уметничкиот тим на Документа петнаесет од Германија, Стефан Данком, ко-директор на Центарот за уметнички активизам од САД, Карен ван ден Берг, професор по теорија на уметност и кураторство на Универзитетот Цепелин од Германија и Владимир Јанчевски, куратор и историчар на уметност од Музејот за современи уметности во Скопје.

На вториот дел од панел дискусијата, свое излагање ќе имаат Едиса Демиќ, активистка од Босна и Херцеговина, Саша Стоиљковиќ, активист од Проактив, Србија, Денис Ампев, активист од Штип, Самбоу Оуми Регина, основачка и уредничка на Africulturelle од Сенегал и Принц Ендру Ардафио, активист, од Гана.

На вториот дел од конференцијата ќе се одржи и панел дискусијата „Имаме шанса! Од подигнување свест до општествена мобилизација низ призмата на донаторите“, на која ќе учествуваат Хава Ба, директор на Фондацијата Отворено општество Африка, Бертан Селим, одговорен за финансирање и комуникации на Фонд Принц Клаус од Холандија и Алберт Хани, генерален секретар на РИКО – Албанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...