Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Доделувањето на наградата се одржа вчера на конференција за слобода на печатот во Сантијаго, Чиле

Фото: Engin Akyurt from Pixabay

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци.

Доделувањето на наградата се одржа вчера, на Светската конференција за слобода на печатот во Сантијаго, Чиле.

„Во овие времиња на темнина и безнадежност, сакаме да споделиме силна порака за солидарност и признание до оние палестински новинари кои ја покриваат оваа криза во такви драматични околности. Како човештво, имаме огромен долг кон нивната храброст и посветеност на слободата на изразување“, изјави Маурицио Вајбел,
претседател на Меѓународното жири на медиумски професионалци на конференцијата.

Создадена во 1997 година, наградата за слобода на печатот на УНЕСКО оддава почит на оние кои придонесуваат во борбата за слобода на медиумите насекаде во светот.