УХМР: Попладнево и утре локални поројни дождови и грмежи

Следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и со грмежи, при што денеска и утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските подрачја, додека в петок и в недела нестабилно ќе биде на повеќе места, особено на северот и на истокот од земјава, предупредува Управата за хидро-метеоролошки работи.

В сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе придонесе за намалување на дневната температура. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и в понеделник, кога под влијание на нов влажен бран, врнежи од дожд се очекуваат насекаде низ земјава.