Уапсен македонски државјанин во Косово, продавал фалсификувани долари

Осомниченото лице било фатено со 96.000 фалсификувани долари

Photo by Alexander Mils on Unsplash

Државјанин на С. Македонија е уапсен во Косово во близина „Генерал Јанковиќ“ поради тоа што се обидел да внесе фалсификувани долари во Косово, соопшти косовската полиција. Кај 54-годишното лице биле пронајдени и запленети 960 парчиња на банкноти по 100 долари или вкупно 96.000 долари.

„Осомничениот го уапсиле полициски службеници на дело, при обид да стави во промет поголема количина на американски долари за кои се сомнева дека се фалсификувани. Осомничениот продал 100 лажни долари за 40 евра“, се наведува во соопштението на косовската полиција.

На лицето му биле одземени возилото и мобилниот телефон.