Цените на угостителските услуги во мај, зголемени за 0,6 отсто во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2015  година, во споредба со април 2015 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата алкохолни пијалаци за 0,1 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,6 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-мај 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4 отсто, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0,2 отсто.