Цените на индустриските поризводи пониски за 3,8 проценти од лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2015 година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 3,8 проценти на годишно ниво.

Во мај 2015 година, во споредба со април годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 6,9 проценти, а се пониски во секторот преработувачка индустрија за 0,4 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,5 отсто.

Во мај годинава, во споредба со мај минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 0,6 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1 процент, а се пониски во секторот преработувачка индустрија за 4,6 проценти.