Тензично во Гевгелија, таксистите ја блокираа пругата

Двајца таксисти се повредени, а состојбата е тензична, откако вечерва таксистите повторно ја блокираа пругата кај Гевгелија, пренесе „Нова ТВ“. Тие се револтирани бидејќи „Македонски железници“, но и институциите го прекршиле договорот и возот повторно сообраќа и превезува бегалци преку ден.

Според информациите од терен, еден таксист е повреден од туркањето во метежот, а еден бил тепан од специјалните полициски сили, при што интервенирала и брзата помош.

Според договорот, во наредните десет ден требаше да се види како ќе функционира одлуката, таксистите да ги превезуваат бегалците преку ден, а навечер да сообраќа по еден воз. Вчера оваа практика се почитувала, но утринава бегалците повторно се носат со возови. Таксистите за „Нова“ велат дека Единците за брзи интервенции се на терен и само што не дошло до судир со таксистите.