fbpx
Таг: средства

таг: средства

Невладините организации недоволно ги користат фондовите од општествено одговорните компании

Фондовите од општествено одговорните компании наменети за граѓанскиот сектор, недоволно се искористуваат од невладините организации. Причината лежи во бирократските процедури за донирање, со кои се соочуваат фирмите, но и во немањето доволно информации за можноста и за пристапот до ваквите донации од страна на невладините. Ова е ставот на стопанствениците и на невладините организации, учесници во проектот финансиска одржливот...

СЕП: ИПА-средствата ни се скратени поради некоординираноста и кризата

„Програмирањето на ИПА-средствата за 2014-2020 година е континуиран процес. Во тек се подготовки за програмирањето за 2017 година, каде се очекува да се дефинираат дополнителни едногодишни програми за секторите демократија и владеење, реформа на јавната администрација, управување со јавните финансии, механизам за поддршка на процесот на европска интеграција, програми на Унијата, образование, вработување и социјални политики, вклучително и интеграцијата...

СДСМ: Парите од ИПА-фондовите ги загубивме поради погрешните политики

„Социјалдемократскиот сојуз со години наназад укажуваше на погрешните политики и на неискористувањето на претпристапните фондови што ги дава Европска Унија. Парите во овие фондови остануваат, па Европската Унија ги повлекува назад“, изјави претседателот на комисија за транспорт и врски и член на СДСМ, Благој Бочварски. На прашањето како СДСМ ја коментира одлука на Европската комисија да повлече 27 милиони евра од ИПА-фондовите, тој...

Граѓани донираа 15.528 евра за казнетите демонстранти

Граѓаните собраа 1.405 евра, 40 долари и 878.360 денари или, вкупно, 15.528 евра на вчерашниот настан во кафе-бар „Излет“ за поддршка на демонстрантите на „Шарената револуција“ што се соочуваат со прекршочни и со кривични пријави и за кои, како што велат, „режимот подготвува високи казни“. Од „Шарената револуција“ изјавија дека се презадоволни од одзивот на вчерашниот настан. - Презадоволни сме од одзивот на...

Барателите на азил во Австрија за една година ја чинеле државата 421 милион евра

Барателите на азил Австрија за една година ја чинеле 421 милон евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа земја. Лани на азилантите кои се нашле под државна заштита биле потрошени повеќе од 246 милиони евра, а годинава 175 милиони евра. До 30 декември 2015 година за помош од австриската држава се пријавиле 57.610 баратели на азил, а заклучно со...

ТМ: Надлежните да спроведат истрага за злоупотреба на ИПА-фондовите

Изјавата на белгискиот експерт Питер Ванхауте дека постојат силни индиции за злоупотреба и за корупција при трошењето на дури 40 отсто од средствата од ИПА-фондовите кои ѝ биле доделени на Македонија, е уште еден финансиски скандал што ги потврди сериозните сомневања кај невладиниот сектор во земјата и на меѓународните организации за степенот на корупција во највисоките ешалони на власта - се вели во...

Се спроведува истрага за искористување на средствата од ИПА-фондовите

Европската канцеларија надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија (ОЛАФ) ќе спроведе истрага за искористување на средствата од ИПА-фондовите во Македонија, потврдиле од канцеларијата за „Радио Слободна Европа“. Истрагата е во тек и сè уште не можат да кажат за колкава сума се работи. Белгискиот експерт Питер Ванхауте во интервју за „Мета“ изјави дека „има екстремно високо ниво на корупција, па...

Наумов: Гувернерот Богов не кажува дали имало одлив на средства кон офшор-сметки

„Во ситуација кога целиот свет е на нозе по објавата на таканаречените „Панама пејперс“, кога премиерот на Исланд поради протечените информации веќе си поднесе оставка, најодговорниот во државата за контрола на одлив и на прилив на средства од странство, гувернерот Димитар Богов, не кажа ниту збор дали во периодот додека ја извршува функцијата имало одлив на средства кон офшор-сметки...

МОН со грант од 700.000 евра ќе финансира проекти меѓу средни училишта и фирми

Министерството за образование и наука (МОН) почнува со реализација на грант програма вредна 700.000 евра чија цел е поврзување на јавните стручни средни училишта со малите, средни и големи компании во земјава, соопшти денеска заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Програмата се спроведува во соработка со Светската банка преку „Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“, а...

ЕЦБ првпат во историјата ја намали референтната каматна стапка на нула

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали денеска својата референтна каматна стапка на нула од 0,05 отсто, во рамките на пакетот мерки чијашто цел е да ја поттикне ослабената економија на еврозоната. Референтната каматна стапка првпат во историјата на оваа банка е намалена на нула. - Централната банка ја намали каматната стапка на депозитите на банките во централната банка од минус 0,30...

Кредитот предвиден за катна гаража, Општина Центар ќе го пренамени за изградба на новото училиште

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, достави предлог до Советот на општината за основање ново општинско основно училиште. - За изградба на училиштето, Општината ќе земе заем во износ од 297.750.000 денари. Ова задолжување нема да биде ново оптоварување на буџетот, туку практично пренамена на средства од веќе планирани задолжувања. Имено, Општината го раскина договорот, потпишан од претходниот градоначалник Тодоровиќ, за...

На земјоделците ќе им бидат достапни 60 милиони евра од програмата ИПАРД 2

Програмата ИПАРД 2, од која Македонија може да повлече вкупно 60 милиони евра, треба да почне со реализација до средината на 2016 година, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков. Тој потсети дека е отворен гарантен фонд кој ќе стои зад 50 отсто од хипотеката за секој проект, а државата ќе субвенционира и 50 проценти од каматата. Мауро ди Вероли од Делегацијата...

Претседателските кандидати во САД за три месеци собраа 144 милиони долари

Републиканските и демократските кандидати за претседател на САД во третото тримесечје собрале 144 милиони долари, но најголем дел од тие пари завршиле кај неколкумина од нив, пишува порталот „Политико“. Најмногу пари собрала поранешната државна секретарка и прва дама, Хилари Клинтон, која е фаворит за претседателска номинација на Демократската партија. Со 27,1 милиони долари, зад неа е кандидатот Берни Сендерс, кој само од последната...

Минчев, поради злоупотреби, најави укинување на балансерот

Министерот за јавна администрација Горан Минчев најави укинување на балансерот. Како причина за ова, тој рече дека балансерот во минатото бил предмет на злоупотреби. „Имавме случаи каде етнички Македонци се...