fbpx

СЕП: ИПА-средствата ни се скратени поради некоординираноста и кризата

-

„Програмирањето на ИПА-средствата за 2014-2020 година е континуиран процес. Во тек се подготовки за програмирањето за 2017 година, каде се очекува да се дефинираат дополнителни едногодишни програми за секторите демократија и владеење, реформа на јавната администрација, управување со јавните финансии, механизам за поддршка на процесот на европска интеграција, програми на Унијата, образование, вработување и социјални политики, вклучително и интеграцијата на ромската заедница“, информираше Секретаријатот за европски прашања (СЕП), како главен координатор на ИПА-фондовите во земјата, за степенот на програмирани средства за 2016 година.

Во соопштението од Секретаријатот се наведува дека поради неисполнување на условите за секторскиот пристап на кој се базира програмирањето на средствата од ИПА 2, како и актуелната политичка состојба во земјата, „од поднесената годишна програма за 2016 година се намалени средства во износ од околу 20,5 милиони евра, главно за потсекторот управување со јавни финансии и за секторот конкурентност“.

– Програмата за 2016 се наоѓа во меѓуресорска консултација во Европска комисија и се очекува таа да се усвои до крајот на годината од ИПА-комитетот во Брисел, по што средствата ќе бидат ставени на располагање за користење – велат од Секретаријатот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...