Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

СЈО: Треба да ни се продолжи рокот од 18 месеци оти е нереален за целосни и објективни истраги

Специјалното јавно обвинителство очекува од релевантните институции, односно од Собранието, да ја воочат потребата од промена на Законот за СЈО и да го продолжат рокот од 18 месеци за завршување на истражните постапки и поднесување обвиненија против осомничените, велат за „Мета“ од СЈО. Според нив, рокот од 18 месеци не соодветствува со реалните можности за целосно и објективно истражување на сите...

„Медиумско-политичкиот циркус“ е секојдневие пред СЈО на Лаура Ковеси

Специјалното јавно обвинителство прави политички и медиумски циркус, изјави во понеделникот претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија (ДИК), Силвана Бонева, по излегувањето од зградата на СЈО. Бонева алудираше на новинарските екипи што ја чекаа, а кои, според нејзиното толкување, биле повикани од СЈО заради медиумско-политички циркус. „Телевизиски екипи се постојано пред канцелариите на Лаура Кодрута Ковеси (шефицата на романскиот национален директорат за...

Неделава нема распити во СЈО, од понеделник пак серија со „значајни личности“

До крајот на оваа работна недела во Специјалното јавно обвинителство нема да има распити на лица, кои изминатиов период беа повикувани било во својство на сведоци, било како осомничени, а „зголемената фреквенција“ на луѓе ќе продолжи од понеделник следната недела, кога, како што дознаваме, се очекуваат „значајни личности“ во СЈО. Ова денеска го потврди и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на...

Новинарите и снимателите фаќаат бусија пред СЈО

Новинарските екипи и снимателите полека фаќаат бусија пред влезот на Специјалното обвинителство како што се зголемува „фрекфенцијата на лица“ (како што рече Катица Јанева) повикани да дадат исказ. Така, денеска, како што потврдија од двете партии, се очекува да се појават лидерите на ДПА и на Партијата целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Мендух Тачи и Самка Ибраимовски. Некои медиуми пренесуваат дека на...

Кредитниот рејтинг на Македонија е намален од ББ+ на ББ

Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија од ББ+ на ББ, објави „Ројтерс“. Намалувањето на кредитниот рејтинг, како што пишува „Ројтерс“ се должи на објавувањето на големи обвинувања за корупција, што според агенцијата „Фич“, „се потврда за недостатоците во стандардите на добро владеење“. Понатаму, како причина за намалувањето на кредитниот рејтинг се наведуваат и неуспехот на Договорот од Пржино од минатата година...

СЈО побара продолжување на куќниот притвор на градоначалникот Талески

Специјалното јавно обвинителство денека од Кривичниот суд во Скопје побарало продолжување на куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески за нови 30 дена, потврдија за „Мета“ од СЈО. Ова е второ барање на СЈО за продолжување на притворот на Талески, кој му истекува утре. Мерката куќе притвор битолскиот градоначалник, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ му беше одредена од судот...

НСДП се сомнева дека притворот на Талески се спроведува според закон

Општинската организација на НСДП од Битола се сомнева и изразува сериозна загиженост за тоа дали куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“, се спроведува според закон. „Со оглед на признанието на осомничениот Владимир Талески дека и покрај мерката куќен притвор тој и понатаму раководи и потпишува документи, а постои опасност осомничениот да не го повтори делото...

За притворениот Талески, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска се „некои двајца луѓе“

„Некои двајца луѓе“. Вака денеска битолскиот градоначалник, Владимир Талески ги нарече поранешните министри за финансии и за внатрешни работи и негови сопартијци, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска, кои во еден од прислушуваните разговори зборуваат за случајот со превозот на ученици во Битола и „скандалот“ што го направил градоначалникот. - Ќе повторам дека не може од еден телефонски разговор што го...

СЈО: На Јанкулоска и кажавме дека има право на увид во доказите и ќе и ги дадеме неделава

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство и било предочено дека има право на увид во доказите против неа, пред да даде исказ, велат за „Мета“ од СЈО. Јанкулоска се повикала на ова право, по што распитот, кој требаше да се одржи денеска, е одложен, а увидот во доказите е закажан за оваа...

Јанева најави „зголемена фрекфенција“ на лица во СЈО

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска соопшти дека во периодот што следи во СЈО ќе има зголемена фрекфенција на лица кои се повикуваат во врска со предметите што ги води Обвинителството. Во писмената изјава се додава дека нема да се откриваат поконкретни детали заради тајноста на предистражната постапка. - Во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во ова...

Нe ни се доволни 18 месеци, Собранието треба да го продолжи рокот, вели Ленче Ристоска

Предвидените 18 месеци за завршување на истражните постапки и за покренување на обвиненија за случаите кои произлегуваат од незаконското прислушување нема да бидат доволни и Специјалното јавно обвинителство очекува Собранието да го продолжи тој рок, оценува обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска во интервју за австрискиот весник „Курир“. Таа вели дека работат под огромен притисок, а истовремено се соочуваат со блокади...

ЗНМ: СЈО ќе помогне вистината да излезе на виделина во случајот за Зоран Божиновски

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со која бара да го преземе од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција предметот против новинарот Зоран Божиновски, поврзан со случајот „Шпион“. Божиновски е во притвор од април, оваа година, откако беше уапсен во Нови Сад, Србија, а потоа екстрадиран во земјава. „Веруваме...

Истражители на СЈО проверуваат дали Талески од куќен притвор потпишува документи

Тројца истражители на Специјалното јавно обвинителство утрово пристигнале во Општина Битола, каде како што дознаваме, треба да извршат увид во врска со спроведувањето на куќниот притвор врз градоначалникот Владимир Талески. Од Специјалното јавно обвинителство за „Мета“ потврдуваат дека нивните истражители се во Општината. Оттаму велат дека тие се таму за да проверат дали евентуално има пропусти во спроведувањето на куќниот притвор,...

СЈО бара да го преземе случајот за Зоран Божиновски поврзан со „Шпион“

Специјалното јавно обвинителство денеска испратило барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за преземање во своја надлежност на случајот против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски. „Ова Јавно обвинителство денеска достави барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за доставување на предметот против лицето З.Б., кој неодамна беше...

Орав: Збогум и помагајте му на СЈО

Евроамбасадорот Аиво Орав преку порака на својот твитер-профил и официјално се збогува од функцијата шеф на Мисијата на Европската Унија во Македонија. Тој попладнево твитна „збогум“ (bye) со негова фотографија пред резиденцијата на ЕУ во Пржино. Орав на функцијата амбасадор на ЕУ во Македонија беше именуван во 2012 година, а сега е делегиран за шеф на мисијата во Црна Гора.   За време...

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО и за другите осомничени во „Тврдина“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и го потврдил решението на судијата на претходна постапка да не им одреди мерки на претпазливост на тројца од осомничените во случајот „Тврдина“. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското...

Жестока расправа во Советот на Општина Битола, опозицијата бара оставка од Талески

Во бурна атмосфера се одвиваше денешната седница на Советот на Општина Битола, на која советниците од опозициските партии повторно побараа оставка од градоначалникот, Владимир Талески, кој издржува куќен притвор, што му беше одреден како првоосомничен во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. „Талески не е криминалец, туку народски кажано арамија“, довикуваа советниците од опозициските редови додека претседателката на...

Нема мерки на претпазливост за Јанкулоска, Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврдил одлуката на судијката Александра Поп-Стефанија да не ѝ одреди мерки на претпазливост на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот „Тврдина“. СЈО бараше од судот на Јанкулоска да ѝ биде одземен пасошот, да ѝ се определи...

Три месеци по смртта на Крпач, ОЈО Скопје чека уште едно вештачење и податоци од СЈО

Точно три месеци поминаа од смртта на Коста Крпач, кој на 27 април беше пронајден мртов во својот стан во населбата Капиштец, со прострелна рана во градите. Скопското јавно обвинителство сè уште не ја завршило истрагата што треба да ги утврди причините и околностите за смртта на Крпач. Од Јавното обвинителство за „Мета“ велат дека се очекуваат резултатите од уште...

Жерновски денеска во СЈО за „Скопје 2014“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во 11 часот треба да се појави во Специјалното јавно обвинителство, каде е повикан да даде исказ во врска со проектот „Скопје 2014“ и со деталниот урбанистички план Мал Ринг. - Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект „Скопје 2014“ - се вели во соопштението од Општина...

„Слушни ме“ – настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковен јазик

Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, организира настан за одбележување на Меѓународниот...