fbpx

Неделава нема распити во СЈО, од понеделник пак серија со „значајни личности“

-

До крајот на оваа работна недела во Специјалното јавно обвинителство нема да има распити на лица, кои изминатиов период беа повикувани било во својство на сведоци, било како осомничени, а „зголемената фреквенција“ на луѓе ќе продолжи од понеделник следната недела, кога, како што дознаваме, се очекуваат „значајни личности“ во СЈО.

Ова денеска го потврди и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на неколкуте новинари што претпладнево чекаа пред СЈО, евентуално да не се појави некое лице на распит.

– Денеска и до крајот на неделава нема да има повикани лица. Од понеделник… – рече Јанева.

Инаку, Јанева на 15 август изјави дека „во периодот што следува ќе има зголемена фреквенција на лица“ во СЈО.

„Во согласност со Законот за кривичната постапка, лицата што се повикуваат ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околности по повод сите постапки што се отворени во овој период. Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат“, изјави тогаш Јанева.

Досега од поистакнатите политички личности во СЈО беа градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот шеф на петтата управа на МВР, Горан Грујовски, двајцата осомничени во случајот „Тврдина“, потоа лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен член на Државата изборна комисија (ДИК), Силвана Бонева, лидерто на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, и Арифхикмет Џемаили, кој беше министер за култура од редовите на ДПА, во периодот од 2007 до 2008 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се оштети некој диск, ќе изгубите сè. Лозинките што ги креирате да бидат доволно долги...