fbpx
Таг: расправа

таг: расправа

Расправата за ребалансот на буџетот продолжува утре

По низа реплики и контрареплики на пратеници од власта и од опозицијата, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина 11. седница и го закажа следното продолжение за утре во 11 часот. Дискусијата на денешното продолжение на седницата се сведе на тоа што направила и не направила претходната власт, а што сегашната ветила и треба да оствари. Во репликите предничеше Панчо Минов,...

За Димовски буџетот е неразвоен, за Тунтев – се кратело од тоа што не може да се реализира

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на пленарната расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, истакна дека со измените кои се направени ќе се забави развојот и економијата ќе стагнира. Тој додаде дека има кратење на капиталните инвестиции за 58 милиони евра, а зголемување на проекцијата за задолжување за 148 милиони евра. - Со ребалансот на буџетот предвидени се 23 милиони денари...

Ребалансот на буџетот прв ден на пленарна седница во Собранието

Пратениците во Собранието денеска на пленарна седница ќе расправаат за ребалансот на буџетот за 2017 година. Седницата ќе почне во 10 часот, а освен буџетот, на дневен ред има уште шест точки. Пратениците имаат можност пет дена да расправаат за буџетот, кој се очекува да биде изгласан в недела, на 6 август. Пред почетокот на седницата, на која расправата за...

Џафери го критикуваше Тунтев, пратениците изгласаа казни за препродажба на билети

Во десетината минути од продолжението на 10. собраниска седница попладнево, на која единствена точка беше измената на Кривичниот законик со која станува кривично дело препродажбата на билети за спортски и за културни манифестации, во Собранието пред 17 часот повторно имаше мала препирка, па интервенираше и претседателот на Собранието, Талат Џафери, заканувајќи му се на Томислав Тунтев дека ако го троши...

Ребалансот на буџетот стигна до Влада, седницата закажана за 15 часот

Владата попладнево ќе ја одржи својата седумнаесетта седница, со почеток во 15 часот, информираат оттаму. На седницата ќе се разгледа ребалансот на буџетот за кој заврши комисиската расправа. „Дневниот ред за денешната седница предвидува Владата да ја разгледа и информацијата на Министерството за финансии за статусот на проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход за...

Продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието на Република Македонија денеска работат две комисии. Комисијата за финансирање и буџет седми ден расправа за ребалансот на буџетот за 2017 година, а на дневниот ред на нејзината седница е и предлог-закон за дополнување на Законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка. Комисијата за труд и социјална политика, пак, расправа за...

Шесто продолжение на комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Комисијата за финансирање и за буџет денеска ќе ја продолжи расправата за ребалансот на буџетот за 2017 година, на шестото продолжение на седницата кое треба да почне во 11 часот. Досега не се поминати ниту десет од 840 предложени амандмани со колку што почна расправата за ребалансот. И пред почетокот на оваа седница, од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека со ребалансот власта предвидува...

Обесштетување на граѓаните поради земјотресите, тема на расправата за буџетот

На денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот, пратениците најмногу расправаа за обесштетување на грѓаните на Охрид, Ресен и од Струга, поради штетите настанати од земјотресите. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа амандман со кој бараа два милиони евра за оваа намена, но тој беше отфрлен. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, истакна дека ако се има политичка волја, новата влада со ребалансот ќе оддели...

Комисиската расправа за ребалансот на буџетот ќе продолжи и денеска

Комисијата за финансирање и буџет денеска во 10.30 часот ќе го одржи петтото продолжение на седницата на која се расправа за предлогот на Владата за ребаланс на буџетот за 2017 година. Пред почетокот на расправата, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ остануваат на своите партиски ставови во однос на овој ребаланс. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „СДС бесрамно продолжува да ги задолжува граѓаните“, а од СДСМ, пак,...

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Расправата за ребалансот на буџетот ќе продолжи денеска на седница на Комисијата за финансирање и буџет во 11 часот. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во своето образложение пред Комисијата вчера истакна дека основнa цел на ребалансот e да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада. Според него, кратењето на непродуктивните трошења на власта обезбеди...

Собранието ја изгласа завршната сметка за буџетот за 2016 година

Собранието попладнево со 92 гласа „за“, без воздржани и против, ја донесe завршната сметка на буџетот за 2016 година. Во текот на маратонската осма седница, пратениците од власта често ги немаше во салата, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата разменуваа реплики главно со своите сопартијци. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ велеа дека во времето на владата предводена од нивната партија се трошело...

Џафери го искара Тевдовски за доцнењето и залепи знак за „тишина“ за пратениците

Жестока расправа во Собранието предизвика доцнењето на министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој требаше да ја образложи завршната сметка за буџетот за 2016 година. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја тргна точката од дневен ред и на парламентарното мнозинство му порача дека ако сака да ја врати таа точка, да свика итна седница со 20 пратеници. Тој на мониторот пред...

ВМРО-ДПМНЕ побара пауза, а СДСМ откажување од дискусиите „во интерес на реформите“

Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, 40 минути откако почна собраниската седница на која на дневен ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, побара еден час пауза за, како што рече, „да видат како ќе ја тераат дискусијата понатаму“. Тој побара да се разгледа и да се промени Законот за јавно обвинителство за...

Серијата реплики и прашања од ВМРО-ДПМНЕ ја забави собраниската седница

Третото продолжение на шестата седница на Собранието траеше многу кратко и таа е повторно прекината без некаков прогрес во однос на вчерашното, второ, продолжение на седница. Дискусијата за четвртата точка, расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, мина во знакот на долги реплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, вкупно осуммина, и одговори од народниот правобранител Иџет...

Продолжи блокадата во Собранието со серија прекини, барања за паузи и за извинувања

Шестата собраниска седница, на која како петта точка на дневниот ред треба да се расправа за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина во 16.20 часот, откако пратеникот Димитар Стевананџија, претставувајќи се како координатор на една од десетте пратенички групи, побара пауза од 60 минути, а за тоа време...

Аирлија за десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, рече Џафери

Откако информираше дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го известиле дека формираат 10 пратенички групи, претседателот на Собранието, Талат Џафери, се заблагодари што конечно пратениците му ја признале функцијата. Потоа ги прочита координаторите и заменик-координаторите и рече „Аирлија“. Откако во претпладневната сесија на првото продолжение на 6. седница на Собранието пратениците го прифатија предлогот на Владата да се именува Спасе Глигоров за...

Алаѓозовски: Не е скапо само уривањето, туку и одржувањето на објектите од „Скопје 2014“

Одржувањето на објектите од проектот „Скопје 2014“ е исто толку скапо како и нивното уривање и според тоа, основната претпоставка со која почна изградбата на овој проект, како проект што на Владата ќе ѝ заштеди пари за кирии, е соборена, рече министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, на денешната дебата за иднина на „Скопје 2014“, организирана од граѓанското здружение „Плоштад Слобода“. - Сите...

Уставен суд пресече – ќе расправа дали УБК може да прислушува без судски налог

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да поведе постапка за утврдување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации. Мнозинството судии на седницата изразија сомнеж дека како што е уреден Законот, преку членовите 168 и оспорениот 175, на УБК и на МВР им се овозможува произволно и неконтролирано следење на комуникациите преку телекомуникациските оператори. Уставниот суд сега...

Жестока расправа во Уставниот суд за правото на УБК да прислушува без судски налог

Иницијативата за законитоста и за уставноста на членот 175 од законот за електронски комуникации предизвика обемна и жестока дебата меѓу уставните судии. Во дискусијата се вклучија сите деветмина судии, кои неколкупати ги изложуваа аргументите и се убедуваа за и против прифаќање на иницијативата. Мнозинството судии се за прифаќање на иницијативата бидејќи, како што образложи судијата Ангелина Маркудова, со директниот пристап и...

Закажани седници на пет собраниски комисии

Во Собранието денеска закажани се седници на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за труд и социјална политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Комисијата за надворешна политика. Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледува предлог-одлуката за одобрување на финансискиот план на „Македонската радио-телевизија“ за 2017 година, годишните извештаи...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...