fbpx
Таг: Прилеп

таг: Прилеп

Првите цигари од прилепски „Филип Морис“ од идната недела

Една од трите водечки меѓународни марки на „Филип Морис“ излезе од производствените погони во Прилеп. Цигарите веќе од идната недела ќе можат да се најдат во малопродажба. Домашното производство почна два месеца откако „Филип Морис - Тутунски комбинат Прилеп“, заедничката фирма на двете компании, стана целосно оперативна. „Филип Морис“ и прилепскиот комбинат договор за партнерство потпишаа во мај годинава.

Истепал жена зашто нејзините говеда паселе на негова нива

Откако претходно почнал расправија со жена поради напасување добиток, прилепчанец, на возраст од 55 години, на 20 септември, околу 15 часот, во месноста Под црква во атарот на селото Крушевица, Прилепско, со стап ја нападнал, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. МВР соопшти дека против прилепчанецот е покрената кривична пријава.

Македонско-хрватска фолклорна вечер во Прилеп

Вечерва, од 19.30 часот, во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи македонско-хрватска фолклорна вечер, на која ќе настапат гостите КУД „Далмација - Дуги рат“ од Сплит, и домаќините, КУД „Мирче Ацев“  и КУД „Илинден“ од Битола. Друштвото „Далмација - Дуги рат“ од Хрватска постои од 1967 година и го негува изворниот хрватски фолклор, особено од Далмација, како и...

Почна обдукцијата на телото за кое грчките власти тврдат дека е на Дениса

Посмртините останки, за кои грчките здравствени власти потврдија дека се на Дениса Маркоска, доцна синоќа пристигнаа во Скопје. По пристигнувањето на телото, веднаш почнала обдукцијата, која треба да ги потврди или негира наодите на грчките власти. Министерството за здравство ги одобри барањата на семејството на Дениса и нареди нова обдукција. Семејството Маркоски од Прилеп се сомнева во резултатите од обдукцијата на грчките власти...

Девојка прегазена во Прилеп

Синоќа пред полноќ, автомобил со прилепски регистарски таблици удрил пешак во центарот на Прилеп кај местото познато како Реклами. Во несреќата тешко е повредена млада девојка, која веднаш е пренесена во градската болница во Прилеп.  

Поради погрешни матични броеви, прилепските тутунари останаа без субвенции

Пред просториите на Сојузот на тутунарите „Мице Козар“ во Прилеп, денеска протестираа стотина тутунари од прилепскиот и од долненскиот регион, барајќи ги неисплатените субвенции за предадениот тутун од ланската реколта во износ од пет милиони евра. Претставници од Сојузот на тутунските здруженија велат дека за ланскиот тутун Владата исплатила повеќе од 26 милиони евра субвенции, а остатокот ќе се исплати во текот...

Бугарката Мариана Везарова со изложба во Прилеп

Мариана Везарова завршила Уметничка академија во Софија во класата на професорот Васил Овчаров
Уметницата Мариана Везарова од Бугарија, утре, во 19 часот, ќе ја отвори својата прва самостојна изложбата „Едно лето“, во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. - Убавината на природата, на мистичното кај морето, тревите, дрвјата, цветовите, тоа е она што ме инспирираше за овие дела. Тука е и божјото присуство, силата на љубовта. Ги пренесувам и впечатоците од...

Ќе се гради пат Кавадарци – Прилеп

Денеска, претставници и проектанти од Агенцијата за патишта во салата на општина Кавадарци имаа средба со граѓаните што имаат свое земјиште и се засегнати со процесот на експропријација во делот на патниот правец кој Владата на Република Македонија планира да го гради од наплатаната станица кај Градско преку општина Росоман и Кавадарци до општина Прилеп. - Стариот пат останува и...

Тодоров одобри да се направи нова обдукција на телото на Дениса

Институтот за судска медицина добил овластување од министерот за здравство, Никола Тодоров, да направи обдукција и ДНК-анализа на телото на Дениса Маркоска. Директорот на Институтот, Алексеј Дума, изјави дека министерот нагласил дека треба да им излезе во пресрет на барањата на семејството Маркоски. Во изминативе 24 часа, нејзиното семејство побара помош од премиерот Никола Груевски. Тие побараа од него да одобри...

„Тутунски комбинат Прилеп“ годинава ќе откупи три милиони килограми тутун

Од комбинатот информираат дека во соработка со новиот партнер Филип Морис, обезбеден е пласман на суровиот тутун
Тутунскиот комбинат од Прилеп за оваа година планира да бидат откупени три милиони килограми суров тутун, за што им гарантира сигурна исплата на тутунопроизводителите што имаат договори со прилепскиот комбинат. Од комбинатот информираат дека во соработка со новиот партнер „Филип Морис“, обезбеден е пласман на суровиот тутун што годинава ќе биде откупен.

Миле Јанакиески во работна посета на Прилеп

Министерот за транспорт и врски во работна посета
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска ќе ја посети општина Прилеп. Јанакиески ќе присуствува на доделување решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

Прв параглајдерски куп „Прилеп опен 2014“

Прв параглајдинг натпревар во Прилеп
Првиот параглајдерски куп во дисциплината прецизно слетување „Прилеп опен  2014“, ќе биде отворен утре во Прилеп, на новоопременото полетувалиште за параглајдери „Трескавец“. „Натпреварот ќе биде отворен утре (1 ноември, 2014) во 11 часот, на полетувалиштето „Трескавец“, лоцирано веднаш под манастирот Трескавец, од градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески и од амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс. По отворањето на натпреварот се обезбедени...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...