fbpx
Таг: измама

таг: измама

Купувале мобилни телефони и стока преку неликвидна фирма

Тројца прилепчани, Т.Ѓ. (61), Д.Н. (35) и М.Г. (36), и локална фирма се осомничени дека сториле кривично дело измама, информира полицијата. Осомничените, според информациите, во текот на мај 2014 година ја презеле локалната фирма „Гризли дан“,и покрај тоа што знаеле дека е неликвидна и неспособна за плаќање. Сопственик и управител на фирмата првин станал Д.Н., кој заедно со другите склучил претплатнички договор...

Зел пари од штипјани, лажејќи ги дека ќе им обезбеди станови, возачки и пензии

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против Г.М. (24) од Пробиштип, осомничен дека измамил повеќе лица, од кои зел пари, ветувајќи им дека ќе им помогне да добијат социјални станови, возачки дозволи и инвалидски пензии. Според полицијата, осомничениот, од август 2014 година до февруари годинава, излажал неколкумина штипјани, тврдејќи дека познава високи политички и владини функционери и дека...

Лажна полицајка од фирми барала пари, како наводни донации за МВР

Единицата за економски и компјутерски криминал на СВР Скопје до Јавното обвинитеслтво поднела кривична пријава против 39-годишна скопјанка, која, лажно претставувајќи се како вработена во Министерството за внатрешни работи (МВР), барала од фирми да донираат пари за Министерството поради ситуацијата во државата. Како што соопштуваат од МВР, против осомничената С.Ш. е поднесена пријава со која таа се товари за измама...

Уапсена осуденичка што се барала со судска наредба

Екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера уапсиле 65-годишна осуденичка, која со судска наредба се барала за издржување затворска казна, информира МВР. Станува збор за Елена Т. која треба да издржува казна затвор од две години за измама, а која веднаш била спроведена во скопскиот затвор „Идризово“.

Референт во ФПИОМ во Гостивар осомничен за измама и за злоупотреба

Секторот за внатрешни работи Тетово поднел кривична пријава против Д.М. (32) од селото Симница, вработен како референт во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Гостивар, кој е осомничен за измама и за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што информираат од полицијата, осомничениот во периодот од јули 2014 до јануари 2015 година, како референт во Фондот, на Џ.С.(21)...

Му зел 50.000 долари, лажејќи го дека ќе му помогне да замине во Австралија

Шеесет и двегодишен кочанец е осомничен дека измамил сограѓанин, од кого зел околу 50.000 американски долари, лажно ветувајќи дека ќе му помогне да замине во Австралија. Како што информираат од полицијата, осомничениот Ф.С. (62), кон средината на минатиот месец, откако успеал да го убеди својот сограѓанин дека може да му обезбеди да замине во Австралија, го одвел во банка во...

Тројца осомничени за фалсификување исправа и за измама

Тетовската полиција поднела кривични пријави против прилепчанец и против двајца скопјани, осомничени за измама и за фалсификување исправа која била употребена за регистрација на половно возило, увезено од странство. Станува збор за прилепчанецот Т.З. (43) и за скопјаните Т.Г. (55) и А.О. (49), против кои била поднесена кривична пријава за фалсификување исправа. Против Т.Г. и А.О. е поднесена пријава и...

Зел 3.000 евра од бизнисмен, лажејќи дека е висок службеник во УЈП

Дваесет и седумгодишен скопјанец е осомничен дека лажно претставувајќи се како вработен на висока позиција во Управата за јавни приходи(УЈП), успеал од сопственик на тетовска фирма да земе 3.000 евра, ветувајќи му дека, наводно, ќе му помогне да го намири долгот за ДДВ и за персонален данок на рати и со отпис на сумата за камата, соопштуваат од МВР. Против...

Апелација ја потврди пресудата за фризерката што продавала непостоечки станови

Апелацискиот суд - Скопје ја потврди првостепената пресуда со која фризерката Благица Доневска во март минатата година беше осудена на затворска казна од осум и пол години за измама со продажба на станови, пишува порталот „Академик“. Судот, како што пренесува порталот, ја одбил и жалбата на таткото на Дончевска, Ацо Вељановски, кој е осуден на четири и пол години затвор...

Жител на Житоша осомничен за измама

Крушевската полиција поднела кривична пријава против Р.О. (30) од селото Житоша, кој е осомничен дека измамил соселанец, ветувајќи дека за одредена сума ќе му среди за виза и за стан во Швајцарија, информираат од полицијата. Како што објаснуваат оттаму, осомничениот на својот соселанец му ветувал виза за постојан престој и стан во Швајцарија, осум години, односно од јули 2006 година до...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...