fbpx
Таг: истражна постапка

таг: истражна постапка

Притвор за лицето од Подлес штo уби сосед и рани уште едно лице

Наредба за спроведување истражна постапка против 61-годишниот жител на селото Подлес, Градско, кој вчера уби еден, а рани уште еден свој сосед, донесе јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес. Наредбата е донесена поради постоење на основано сомнение дека жителот на Подлес ги сторил кривичните дела убиство, убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и...

Русија не соработува со македонските истражни органи за изградбата на рускиот гасовод од 33 милиони евра

За предметот „Подарок“ сè уште се чека меѓународна правна помош од Руската федерација од каде треба да биде доставен доказниот материјал за изградбата на рускиот гасовод. Русија ниту еднаш нема одговорено на барањата на Јавното обвинителство, со што овој предмет што го отвори поранешното СЈО, веќе четири години е заглавено во ќорсокак. За случајот „тежок“ 33 милиони евра осомничени се...

ОЈО: Истрагата за „Јавна соба“ е во завршна фаза, за „Јавна соба 2“ се водат предистражни постапки во повеќе обвинителства

Основното јавно обвинителство (ОЈО) ги комплетира и материјалните докази за кривичното дело Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик за кое е отворена истражна постапка против две лица во предметот за случајот „Јавна соба“. „Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата осомничени, како основач и модератор...

Обвинителството донесе наредба за спроведување на истражна постапка против Лидија Димова и три други лица

Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, информираат од таму. „Три лица како соизвршители се осомничени дека сториле кривично дело Измама на штета на средства на европската заедница од член 249-а од Кривичниот...

Судот му одреди 30-дневен притвор на кумот на Груевски, Новачевски

По предлог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена на Ристо Новачевски заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело „Перење пари и други приноси“, информираа од Основниот кривичен суд. Обвинителство претходно соопшти дека по повеќемесечна предистражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на...

Истрага за перење пари за шест лица меѓу кои и Груевски и неговиот кум, кој е приведен

По повеќемесечна предистражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителство. Станува збор...

ОЈО: Завршена истражната постапка за осомничените во „Рекет“

По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица, известија од обвинителството. Од денеска тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да...

Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните од 27 април

По опсежна предистражна постапка, вчера е донесена наредба за истражна постапка против организаторите на настаните од 27 април, a се работи за пет осомничени лица Н.Г. , Т.В., М.Ј., С.Р. и Н.Б, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, информираа денеска на заедничка прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и обвинителката Вилма Русковска од Основното...

Чавков и 35 лица се товарат за загрозување на уставниот поредок и на безбедноста

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ја завршило предистражната постапка за насилствата во Собранието од 27 април оваа година и отворило истрага против вкупно 36 лица. „По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36 лица поради основано сомневање за сторено...

Разбиена криминална група што тргувала со дрога и шверцувала мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска во координирана акција со Министерството за внатрешни работи разбило шестчлена криминална група чии членови се товарат за трговија со дрога и за шверц на мигранти. Акцијата, како што соопшти обвинителството, била спроведена денеска во Скопје, Велес и во Тетово. Според обвинителството, криминалната група од април до септември оваа година организирала купување...

Притворени три лица осомничени за трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за спроведување истражна постапка против три лица, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, станува збор за лицата Ф.И. (50), С.Ф. (50) и М.А. (47), на кои на барање на обвинителството, судија на претходна...

Општина Струмица: Обвинителството на Зврлевски лаже

Секретарот на Општина Струмица, Кирил Парталов, денеска ги отфрли како лажни наводите од истрагата што Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја отвори против „висок функционер на Општината“ поради злоупотреба на службената положба. - Лага е дека за асфалтирање на една иста улица во општина Струмица биле распишани четири посебни договори, поради што Јавното обвинителство под раководство на...

Зврлевски отвори истрага против висок функционер во Општина Струмица

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворило истражна постапка против „носител на висока функција во Општина Струмица“, за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска Јавното обвинителство. Според обвинителството, осомничениот, чиј идентитет не се открива, се товари дека во 2010 година во ист ден со иста фирма склучил четири посебни договори во вредност од 1.029.549...

СЈО најави прес-конференција во 12 часот, прва по три и пол месеци пауза

Специјалното јавно обвинителство за денеска во 12 часот најави нова конференција за медиуми. Оттаму не најавуваат за што ќе станува збор на прес-конференцијата ниту дали ќе биде презентирана нова истрага. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 18 ноември лани, кога го презентираше случајот „Таргет“ во кој откри дека вкупно 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од Управата за безбедност и...

Отворена истрага против пет лица за кражба на податоци од кредитни картички

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција почнало истражна постапка против пет лица од Битола и од Прилеп, осомничени за кражба на податоци од платежни картички. Осомничените, како што соопшти денеска обвинителството, се товарат за перење пари и други приноси од казниво дело, за изработка и за употреба на лажна платежна картичка и за злосторничко здружување. Според обвинителството, тие со...

Притворен албански државјанин осомничен за шверц на 24,5 килограми марихуана

Кумановското јавно обвинителство донело наредба за спроведување истражна постапка против албански државјанин, во чиј автомобил на граничниот премин Табановце, завчера биле пронајдени 24,5 килограми марихуана. Албанскиот државајнин, како што информираат од јавното обвинителство, се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, од член 215, став 1 од Кривичниот законик. „На 12 октомври, на...

СЈО денеска поднело два обвинителни предлози

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска до Основниот суд Скопје 1 поднело два обвинителни предлози, пишува во најновиот извештај на СЈО, кој обвинителите денеска ќе го презентираат пред новинарите и за кој постои голем интерес. Истиот извештај СЈО денеска треба да го достави до Собранието и до Советот на јавни обвинители. Во извештајот не се кажува кои се предметите за кои Обвинителството...

Талески бара Иванов да ја повлече аболицијата, според него СЈО е незаконско

„Kако градоначалник на Битола, работам искрено, посветено и одговорно за доброто на граѓаните. Бидејќи јас лично никогаш не сум правел криминал, не се чувствувам виновен, не сум виновен и не сакам да бидам изедначен со вистинските криминалци во Македонија. Не сакам да има сомнеж или шпекулирање за моето законско работење и затоа од Вас барам аболицијата за мене да ја...

Обвинителството почна истрага за убиството на старецот во село Маково

Основното јавно обвинителство Битола покренало истражна постапка против осомничениот за вчерашното убиство на 80-годишниот жител на мариовското село Маково, соопшти денеска јавното обвинителство. Тој се товари дека по расправија со овчарски стап до смрт го претепал старецот. „Осомничениот се товари дека пред селската продавница – кооперација во село Маково, општина Новаци, по вербална расправија, лишил од живот едно лице од истото...

Како се краделе изборите: Детали за акцијата „Титаник“

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска одржa прес-конференција на која ја најави првата акција под името „Титаник“. Во неа, како што информираа од Специјалното обвинителство, биле отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески (иако нивните имиња не беа експлицитно наведени), како и против секретарот на Владата, Кирил Божиновски, за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...