понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: брод | 78 резултати

Брод со 3.500 патници заринка на Бермудските Острови

мај 20, 2015

Брод за крстосување, на кој имало речиси 3.500 патници и членови на екипажот, заринкал на гребен во близина на Бермудските Острови и така останал речиси шест часа. Компанијата „Норвиџан круз лајн“ соопшти дека плимата помогнала за бродот да се ослободи и да се врати во подлабоките води, по што се закотвил и чекал инспекција. „Сите […]

Турски товарен брод нападнат кај Либија

мај 11, 2015

Турски товарен брод бил нападнат во близина на либискиот брег, додека се приближувал кон пристаништето во Тобрук, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Турција. Кога бродот се обидел да се оддалечи од брегот, од каде доаѓал огнот, бил нападнат од воздух. Во нападот убиен е еден член на екипажот, а повредени се неколкумина. Министерството […]

Брод со опасни хемикалии потона кај Коста Рика

мај 4, 2015

Брод потона во близина на костариканскиот град Пунтаренас, предизвикувајќи вистинска тревога во туристички најпопуларната земја во Средна Америка, позната по тропските плажи и по природните резервати. Воспоставена е безбедносна зона долга 100 километри, а владата ги повика луѓето да не влегуваат во морето и да не ловат риби. Властите се надеваат дека 100 тона амонијак […]

Норвешка ќе гради тунел за големи бродови

април 6, 2015

Норвешка планира на својот западен брег да изгради тунел за бродови долг 1,7 километар за да се избегне тешкото минување околу полуостровот Стад, наведува „Визит Норвеј“. Тунелот би бил висок 37 метри, што е доволна висина за низ него да минат големите крстосувачи и други патнички и товарни бродови. Лошите временски услови најчесто го отежнуваат минувањето на бродовите […]

Осум лица загинаа откако се преврти брод во Шкотска

јануари 5, 2015

Осумте члена на екипажот на товарниот брод „Семфјорд“ најверојатно се загинати откако во саботата бродот се преврти во немирните води на северниот брег на Шкотска поради лошите временски услови. Прекината е потрагата по екипажот кој бил составен од седум Полјаци и од еден Филипинец, во која учествувале два хеликоптери, четири бродови и пет спасувачки тимови. […]

Брод се насука во Велика Британија

јануари 4, 2015

Брод долг 180 метри, со 25 членови на екипажот, се насукал кај Солент, во Велика Британија. Бродот, кој пренесувал автомобили, е регистриран во Сингапур, а пловел од Саутемптон за Германија. Членовите на екипажот се здобиле со помали повреди и веднаш по спасувањето се префрлени во болница.  

Потона брод, се удавија 18 членови на екипажот

јануари 3, 2015

Само еден од 19-члениот филипински екипаж се спасил откако брод на норвешката компанија „Гербулк“ потонал покрај брегот на Виетнам. Според виетнамските служби за спасување, досега се пронајдени телата на двајца членови на екипажот.  

Крајбрежната стража презеде контрола на бродот „Езадин“

јануари 2, 2015

Припадници на крајбрежната стража успеаjа да преземат контрола над трговскиот брод без екипаж, откако на него слетале со хеликоптер кој беше испратен во акција за спасување на мигрантите, соопшти италијанската крајбежна стража. Италијанската крајбрежна стража ќе го однесе бродот до италијанско пристаниште. На бродот „Езадин“, кој плоевл под знамето на Сиера Леоне, се наоѓаат 450 […]

Италијанските власти спасуваат имигранти од бородот „Езадин“

јануари 2, 2015

Италијанските воздухопловни сили спроведуваат акција за спасување на неколку стотоци имигранти од трговскиот брод без екипаж кој трговците со луѓе го оставиле во Медитеранот. Еден од имигрантите од бродот „Езадин“, кој плови под знамето на Сиера Леоне, испратил порака во која вели дека бродот се движи кон италијанското крајбрежје, нема екипаж и нема кој да […]

Брод со 700 мигранти испрати СОС сигнал кај Крф

декември 30, 2014

Патнички брод со 700 мигранти испрати СОС-сигнал во близина на грчкиот острав Крф поради сомнение дека на него се наоѓаат вооружени лица, јави грчката телевизија. Според грчкото министерство за поморски транспорт, постои сомнение дека на бродот кој плови под знамето на Молдавија, се наоѓаат илегални мигранти. Италијанската крајбрежна стража веднаш ги известила грчките служби. Два […]

Титовиот брод „Галеб“ оди под концесија

декември 25, 2014

Градската управа на Ријека распишала оглас за 30-годишна концесија за комерцијално користење на „Галеб“, некогашниот брод на Јосип Броз Тито, кој е заштитен како културно богатство на Хрватска, пренесува Хрватска радио-телевизија (ХРТ). Според соопштението на градските власти, проценетата вредност на концесијата за 30 години изнесува 10,3 милиони евра. Според студијата за оправданост за давање на […]

Оланд одлучи: „Мистрал“ останува да чека

ноември 25, 2014

Францускиот претседател Франсоа Оланд одлучи на неопределено да ја одложи испораката на воениот брод „мистрал“ на Русија. Во соопштението од кабинетот на Оланд стои дека претседателот смета дека „сегашната ситуација на истокот на Украина уште не дозволува испорака на првиот воен брод на Русија. „Тој одлучи на неодредено да ја одложи одлуката за одобрување на […]

Почна обдукцијата на телото за кое грчките власти тврдат дека е на Дениса

ноември 9, 2014

Посмртините останки, за кои грчките здравствени власти потврдија дека се на Дениса Маркоска, доцна синоќа пристигнаа во Скопје. По пристигнувањето на телото, веднаш почнала обдукцијата, која треба да ги потврди или негира наодите на грчките власти. Министерството за здравство ги одобри барањата на семејството на Дениса и нареди нова обдукција. Семејството Маркоски од Прилеп се сомнева […]

(ВИДЕО) Турција: 24 загинати при превртување на брод

ноември 3, 2014

Дваесет и четири лица загинаа откако брод со илегални имигранти се превртел во теснецот Босфор. Спасувачките екипи успеале да спасат седум лица од бродот, за кој се претпоставува дека превезувал 40 илегални имигранти, вклучувајќи и деца. Потрагата по останатите патници на превртениот брод е во тек, а во неа се вклучени чамци од крајбрежната стража […]

Страна 4 од 4