fbpx
Таг: брод

таг: брод

Еден загинат при несреќа на најголемиот крстосувач на светот

Едно лице загинало, а четири се потешко повредени кога чамец за спасување се откачил и паднал во вода од најголемиот брод за крстосување во светот „Хармони оф сеас“. Трагедијата се случила додека бродот бил во пристаништето во Марсеј, Франција. Портпаролот на противпожарната служба потврди дека едно лице е загинато, а четири се повредени, од кои две се во критична состојба. Помошникот градоначалник на...

Италијанската морнарица спасила 500 мигранти во Средоземно Море

Италијанската морнарица денеска спасила речиси 500 мигранти недалеку од брегот на Либија, јавуваат светските агенции. Во спасувачката акција биле пронајдени и телата на шестмина мигранти кои испаднале од гумен чамец, кој почнал да се полни со вода. Два патролни брода и два хеликоптери на италијанската морнарица сè уште трагаат по преживеани и по жртви. Хеликоптерите кои учествувале во денешната спасувачка оепрација...

Шестгодишно девојче загина во брод кој се преврте кај Лезбос

Нова бегалска трагедија се случи изутринава во водите во близина на островот Лезбос. Брод кој пренесуваше околу 10 бегалци се преврте рано изутринава. Во несреќата животот го изгуби шестгодишно девојче. Грчката крајбрежна стража успеа да спаси четворица од бегалците кои биле во бродот. Во моментов крајбрежната стража и еден воен хеликоптер и понатаму трагаат по другите луѓе што биле во бродот. Причината...

Се преврте брод кај Крит, тројца загинати, 302 спасени

Брод на кој се наоѓале неколку стотини мигранти се преврти кај островот Крит, при што загинаа три лица, а 302 се спасени, соопшти грчката крајбрежна служба. Оттаму информираат дека станува збор за брод долг помеѓу 25 и 30 метри, кој личел на голем рибарски чамец. Бродот целосно потонал на околу 75 наутички милји јужно од Крит, во меѓународни води. Во акцијата за...

Минатата недела 880 лица се удавиле во водите на Медитеранот

Најмалку 880 мигранти се удавиле во текот на изминатите седум дена во обид да го преминат Средоземното Море, соопшти агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Во соопштението на УНХЦР се наведува дека оваа година се покажала како исклучително смртоносна, затоа што од почетокот на годината во бродоломи и превртувања на чамци се удавиле вкупно 2.510 луѓе. Во истиот период минатата...

Пекинг го осуди минувањето на американски брод низ Јужното Кинеско Море

Кина денеска остро го осуди минувањето на американски воен брод покрај кинескиот вештачки остров во Јужното Кинеско Море, оценувајќи го тоа како провокација и закана за суверенитетот на земјата. Американскиот брод денеска мина на околу 12 наутички милји од островот Јонгшу, потврди Пентагон. Пекинг смета дека целото Јужно Кинеско Море е дел од кинеската територија, но делови од морето, за свои...

Потона брод кај Пула – спасени 17 лица

На седум наутички милји од брегот, пулската поморска полиција спасила вкупно 17 лица кои скокнале во морето од мал брод кој почнал да тоне. При брзата интервенција на тричлениот екипаж на полицискиот брод, спасени се 15 странски државјани, како и капетанот на бротчето и инструкторот за нуркање, двајцата државјани на Хрватска. Нема повредени. Бротчето е целосно потонато, а претставниците на Лучката капетанија...

Пресретнат шверцерски брод, спасени 2.000 бегалци

Две лица се пронајдени мртви, а речиси 2.000 се спасени од рацете на криумчари кога италијанската крајбрежна стража пресретна шверцерски брод од Сирија. Крајбрежната служба потврди дека спасувачката акција сè уште е во тек. Во Европа по овој пат од почетокот на 2014 година стигнале речиси 330.000 луѓе. Пред најновото спасување, УНХЦР пријави 9.500 пристигнати во италијанските пристаништа од почетокот на 2016 година. Тој...

Во експлозија во Бангкок повредени се 60 лица

Најмалку 60 лица се повредени во Бангкок кога експлодирал мотор на брод кој превезувал патници, а во времето на експлозијата се приближувал кон пристаништето, соопшти тајландската полиција. Меѓу повредените имало и странци, а бродот ги превезувал луѓето низ водените канали во источното предградие на Бангкок. Бидејќи пристаништето било блиску, неколку од патниците скокнале во вода за да се спасат. Најмалку 60 лица со изгореници биле...

Последна операција за спасување на навалениот брод

Утринава на југозападниот брег на Франција почна последната операција за спасување на товарниот брод „Модерн експрес“, кој веќе седми ден, наведнат под агол од речиси 50 стеоени, се обидува да се доближи до францускиот брег меѓу Бордо и Бијариц. Бродот, долг 164 метри, превезува 3.600 тони дрвен градежен материјал и машини за копање, како и околу 300 тони гориво, а...

Воен брод на САД се приближил до кинеските острови без дозвола

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека американски воен брод пловел во близина на вештачките острови што им припаѓаат на Кина и на уште две земји. Со тоа, како што наведуваат, ги прекршил кинеските закони за влез во кинеските територијални води без претходно добиена дозвола. Кина, од својата страна, презела мерки, вклучувајќи надгледување и предупредување, се вели во соопштението. Портпаролот на Пентагон, капетан...

Бројот на жртвите во бродоломот во Егејско Море се искачи на 39

Бројот на жртвите на бродоломот кој денеска се случи во Егејско Море се искачи на 39, меѓу кои пет се деца. Мигрантите се удавиле откако нивниот чамец се превртел на патот од Турција кон Грција. Турските власти успеале да спасат вкупно 75 лица, пренесува агенцијата „Анадолија“. Турската крајбрежна стража извести дека во врска со несреќата уапсен е еден турски државјанин, кој е...

Во Егејско Море се удавија 10 лица од кои пет деца

Најмалку десет бегалци, меѓу кои пет деца, се удавија кога нивниот брод потонал во Егејско Море, додека се обидувале да стигнат од Турција во Грција. Турската новинска агенција „Доган“ јави дека од бродот се спасени 43 лица. Бегалците тргнале од провинцијата Чанак-кале, спрема грчкиот остров Лезбос. Во Турција се наоѓаат 2,2 милиони бегалци од Сирија, а според податоците на Организацијата за миграција на...

Девет мигранти се удавија во Турција

Турските власти соопштија дека утрово на плажата во турското летовалиште Ајвалик пронајдени се тела на девет бегалци, откако чамецот потонал поради невреме. Турската крајбрежна стража успеа да спаси осум од 22 мигранти, а акцијата за спасување сè уште е во тек. Сè уште не е утврдена националноста на бегалците. Според податоците на Меѓународната организација за миграција, околку 70 лица загинале или се...

Најмалку 18 мигранти, меѓу кои и деца, се удавиле во Егејско Море

Најмалку 18 мигранти, меѓу кои неколку деца, денеска се удавиле откако бродот со кој се обидувале да преминат од Турција во Грција се превртел во Егејско Море, јавува „Би-Би-Си“ повикувајќи се на информации од службени лица. Дрвениот брод се превртел поради високите бранови додека пловел од турскиот град Измир кон грчкиот остров Лезбос. Како што пренесува „Би-Би-Си“, по несреќата од водите...

Потона брод во Индонезија, исчезнати повеќе од 100 лица

Брод со повеќе од 100 патници потона во близина на индонезискиот остров Сулавес. Како што пренесоа локалните медиуми, на бродот имало помеѓу 108 и 122 лица. Бородот патувал помеѓу две пристаништа на Сулавес, но не пристигнал на крајната дестинација, пристаништето Сива. Вработени на пристаништето соопштиле дека изгубиле контакт со бродот откако во текот на невремето што го зафатило му откажал моторот. Полицијата испратила патрола...

Потона брод во Егејско Море, се удавиле 18 лица

Најмалку 18 лица се удавиле откако во текот на ноќта потона брод кој пловел во Егејско Море кон грчкиот остров Калимнос. Како што известува турската новинска агенција „Доган“, припадниците на турската крајбрежна стража спасиле 14 лица, меѓу кои имало и Сиријци, Ирачани и Пакистанци. Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 800.000 бегалци го преминале Средоземно Море на патот кон Европа оваа година,...

Единаесет бегалци се удавија во Егејско Море

Најмалку 11 лица денеска загинаа, а 13 се водат за исчезнати откако брод со околу 50 мигранти потона во Егејско Море, соопштија грчките власти. Меѓу загинатите има пет деца, четири мажи и две жени, а нивната националност засега не е позната. Грчката крајбрежната стража наведе дека од чамецот се спасени 26 лица и оти дрвениот чамец, кој тргнал од Турција, потонал во...

Турското МНР го повика рускиот амбасадор на разговор

Турција денеска го повика рускиот амбасадор на разговор, обвинувајќи ја Москва за „провокација“ откако руски воен брод, во вооружени војници на палубата, мина низ Босфор. Шефот на турската дипломатиј,а Мевлут Чавушоглу, вчера изјави дека Русија намерно провоцира, а како поткрепа на тврдењето ја посочи информацијата дека еден од војниците на палубата на рускиот брод што минувал низ Борсфор, на рамо држел...

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ во прва борбена мисија против ИД

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ денеска ја почна својата прва борбена мисија против екстремистите на Исламска држава. Борбените авиони полетале од францускиот носач на авиони и бомбардирале цели на Исламска држава во Сирија и во Ирак, јавуваат светските агенции. Според наводите на француските медиуми, се очекува борбената мисија на „Шарл де Гол“ да потрае најмалку четири месеци, со можност...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...