fbpx

Титовиот брод „Галеб“ оди под концесија

-

Градската управа на Ријека распишала оглас за 30-годишна концесија за комерцијално користење на „Галеб“, некогашниот брод на Јосип Броз Тито, кој е заштитен како културно богатство на Хрватска, пренесува Хрватска радио-телевизија (ХРТ).

Според соопштението на градските власти, проценетата вредност на концесијата за 30 години изнесува 10,3 милиони евра.

Според студијата за оправданост за давање на бродот под концесија, концесионерот на „Галеб“ треба да осигури музејски простор со површина од 507,10 квадратни метри, центар за рекреација, хотелско сместување, ресторан, конгресен центар и бар.

Сите работи за уредување на бродот за негова комерцијална употреба треба да ги направи концесионерот на свој трошок, без можност за враќање на вложените пари. Работите мора да бидат во соодветство со условите и со согласност на Одделот за конзервација во Ријека, на надлежните тела на хрватското министерство за култура, а проектот за уредување треба да биде доставен на одобрување до Градот Ријека.

Огласот е отворен до 24 март 2015 година, а главен критериум за избор ќе биде најповолната понуда.

Бродот „Галеб“ со решение на министерството за култура на Хрватска од 2006 година е дел од културното богатство на земјата, под трајна заштита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...