fbpx
Таг: брод

таг: брод

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ во прва борбена мисија против ИД

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ денеска ја почна својата прва борбена мисија против екстремистите на Исламска држава. Борбените авиони полетале од францускиот носач на авиони и бомбардирале цели на Исламска држава во Сирија и во Ирак, јавуваат светските агенции. Според наводите на француските медиуми, се очекува борбената мисија на „Шарл де Гол“ да потрае најмалку четири месеци, со можност...

Брод со 200 бегалци пристигна на Родос

Брод со 200 бегалци денеска пристигна на островот Родос, соопшти грчката агенција АНА. Како што соопшти грчката крајбрежна стража, припадниците на полицијата и граѓаните им помагаат на бегалците, меѓу кои има деца и жени, за да стигнат до брегот. Бегалците се сместени во специјално одредени места на пристаништето во Родос.

Пет бегалци денеска се удавија во Егејско Море

Најмалку пет бегалци, од кои четири се деца, се удавија денеска во водите на Егејско Море, јавуваат грчките медиуми. Крајбрежната стража изјави дека бегалците загинале во близина на брегот на Самос, а спасувачките екипи успеале да спасат 51 лице од истиот брод. Во одделен инцидент во близина на брегот на Самос се удави едно петгодишно девојче, а седумгодишник се удави во близина...

27 туристи загинаа во бродска несреќа во Канада

Брод со туристи вчера потона во Западна Канада. Бродот носел 27 луѓе во близина на Тофино, на туристичка тура за набљудување китови, кога во еден момент почнал да тоне. Во несреќата 21 лице се спасени, пет се мртви, а едно лице се води како исчезнато.

Потона брод со бегалци крај турскиот брег, 12 загинати

Дванаесет лица се удавиле, а 25 се спасени кога брод кој пренесувал бегалци потонал во близина на турското крајбрежје, јавуваат светските агенции. Според информациите, турската крајбрежна стража ги извлекла телата од дрвен брод, кој пловел од турскиот град Ајвалика кон грчкиот остров Лезбос. Сè уште нема информации за потеклото на бегалците кои се превезувале во бродот. Повеќе од 3.000 бегалци и...

Лезбос: Седум мигранти загинаа во судир на брод и на чамец

Седум лица загинаа во судир на брод на грчката крајбрежна стража со чамец кој превезувал илегални мигранти во близина на островот Лезбос. Крајбрежната стража успеала да спаси 31 лице. Локалните медиуми јавуваат дека четворица од удавените биле малолетни. Преживеаните мигранти се префрлани во болница на Лезбос.

Грчката крајбрежна стража спасила 542 лица во Егејско Море

Грчката крајбрежна стража во последните 24 часа спасиле 542 лица во 12 одвоени спасувачки акции во Егејско Море. Акциите за спасување се спроведени кај брегот на источните егејски острови, Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси и Фармакониси, се наведува во соопштението на крајбрежната стража. Повеќе од 250.000 барачи на азил годинава пристигнале во Сирија, од кои повеќето Сиријци, Ирачани и Авганистанци кои бегаат...

Од Средоземно Море спасени повеќе од 250 бегалци

Повеќе од 250 бегалци биле спасени денеска во меѓународните води кај Либија, изјавил претставник на организацијата Лекари без граници. Според неговите зборови, бегалците биле спасени во две одвоени акции. Во едната спасени биле 130 луѓе, а во другата 127, меѓу кои имало жени и деца. По нивното спасување, тие биле префрлени во Италија. Во заедничка операција на бродови на земјите на...

Седумнаесет луѓе загинаа во брод со бегалци во Турција

Седумнаесет луѓе загинаа во брод со бегалци кој испловил од брегот на турското летувалиште Бодрум кон грчкиот остров Кос и денеска потона. На бродот се наоѓале 37 лица. Во тек е истрага за несреќата, јави Анадолија.

Нова бегалска несреќа, кај Фармакониси се удавија 28 луѓе

Досега се пронајдени 28 луѓе, меѓу кои и едно дете, кои се удавиле покрај брегот на грчкиот остров Фармакониси, откако потонал чамецот што превезувал стотина мигранти. Крајбрежната стража на Грција спасила 68 лица, а 29 успеале сами да стигнат до брегот. Потрагата по патниците од превртениот брод продолжува.

Општина Пустец доби туристичко бродче на соларен погон

Општина Пустец, за промоција на туристичките вредности на општината, почна да користи туристичко бродче. На пуштањето во употреба присуствуваа градоначалникот Едмонд Темелко и жители на општината. - Соларното бродче е заеднички проект на Општина Пустец, единствена на етничките Македонци во Албанија, и на Општина Преспа од Грција, потпомогнат од ИПА-фондовите на Европска унија за погранична соработка – вели за „Мета“ Васил Стерјовски,...

Грција: Пронајдено оружје на товарен брод

Грчките власти соопштија дека специјалната единица на крајбрежната стража пронашла оружје за испорака на товарен брод, кој со странско знаме плови во близина на грчкиот остров Крит. Крајбрежната стража наведе дека го одвела бродот во пристаништето за понатамошна истрага. Сè уште нема детални информации за тоа за колкаво количество оружје станува збор, од каде и кон каде пловел бродот, ниту, пак,...

Педесет мигранти најдени мртви на брод во Средоземното море

Тела на околу 50 луѓе биле пронајдени мртви на брод кој превезувал мигранти, а кој денеска бил пресретнат од екипа на мисијата на Европската унија „Фронтекс“ во близина на либискиот брег во Средоземното море, јавуваат светските агенции, повикувајќи за информации од италијанската крајбрежна стража. Според информациите, од бродот биле спасени околу 430 луѓе, а спасувачката операција ја извеле екипите на...

Уапсени осум лица поради смртта на мигранти кои се загушија на брод

Италијанските власти привеле осум лица поради криумчарење и смрт на 49 мигранти кои во текот на викендот останаа заробени во внатрешноста на претоварен брод на Средоземното море, изјави италијанскиот обвинител, Микеланџело Патан. Тој во Катанија изјави дека капетанот на бродот бил Мароканец, додека четворица Либијци, двајца Мароканци и едно малолетно лице од Сирија одржувале ред на бродот. Обвинителот рекол дека во...

Оланд: Франција без проблем ќе најде купувачи за воените бродови

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека нема да има никакви проблеми да се пронајдат нови купувачи за два воени брода од класата „мистрал“ што требаше да ги купи Русија, пред официјален Париз да го раскине договорот за продажба. Оланд ова го изјави во египетскиот град Исмалија, каде присуствуваше на церемонијата по повод свеченото отворање на новиот Суецки Канал. Два француски носачи на...

Во Средоземно Море забележан брод со 200 мигранти

Грчките власти соопштија дека во Средоземно Море е забележан брод со 150-200 мигранти, до кој допловиле два трговски брода за да им понудат помош или да ги евакуираат мигрантите, доколку тоа е потребно. Во соопштението на грчкото министерство за трговска морнарица се наведува дека, според забележаното, мигрантите не се во непосредна опасност и оти временските услови се добри. Бродот се наоѓа на...

Од денеска функционира бродската линија Охрид – Поградец

Лани воспоставената бродска линија Охрид - Поградец ќе функционира и годинава, како што беше зацртано од самиот почеток и без измени, вели Горан Устијаноски од Капетанијата на пристаништа на Република Макдонија во Охрид. Интересот кај бродарите за оваа бродска линија се зголемува. Сите што се заинтересирани за оваа пловидба треба да се обратат и да побараат одобрение од Министерството за транспорт...

Спасени 14 лица од превртениот брод во Кина

Повеќе од 400 лица и понатаму се заробени на бродот кој се преврти во реката Јангце во кинеската покраина Хубеј. Четиринаесет лица се спасени, а досега се извлечени 18 тела, јави државната телевизија „Си-Си-Ти-Ви“. Бродот „Истерн стар“ на четири нивоа во понеделникот исплови од градот Нанџинг на истокот на Кина кон Чунгчинг на западот на земјата. Се преврти во провинцијата...

Потона брод со 458 патници во Кина

Кинески патнички брод со 458 патници потона синоќа на реката Јангце во покраината Хубеи, извести кинеската агенција „Синхуа“, повикувајќи се на управата за речна пловидба. Агенцијата јавува дека по несреќата спасени се седум лица, вклучувајќи ги капетанот и инженерот, кој рекол дека бродот потонал многу бргу откако бил зафатен во бура. Според податоците на управата за речна пловидба, бродот пловел со...

Брод со 3.500 патници заринка на Бермудските Острови

Брод за крстосување, на кој имало речиси 3.500 патници и членови на екипажот, заринкал на гребен во близина на Бермудските Острови и така останал речиси шест часа. Компанијата „Норвиџан круз лајн“ соопшти дека плимата помогнала за бродот да се ослободи и да се врати во подлабоките води, по што се закотвил и чекал инспекција. „Сите патници на екипажот се безбедни и...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...