fbpx
Таг: австрија

таг: австрија

Анѓушев – Коблер: Странските инвеститори ќе имаат отворен партнер во Владата

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се сретна со амбасадорката на Република Австрија, Ренате Коблер, со која разговарал за инвестициите на компаниите од Австрија, која е втора земја во поглед на обемот на инвестиции. - Инвеститорите од странство, вклучително и оние од Република Австрија, ќе имаат искрен и отворен партнер во Владата. Странските компании кои веќе имаат инвестирано во...

Попоски во Виена на Постојаниот совет на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска во Виена ќе се обрати на седница на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Како што соопшти МНР, за време на посетата предвидено е министерот Попоски да се сретне со својот австриски колега, министерот за надворешни работи Себастијан Курц.

Курц предлага создавање центри за бегалци во Грузија или земјите од Западен Балкан

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, се залага за создавање центри за бегалци надвор од територијата на Европската Унија, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН, пишува германскиот весник „Билд“. - Потребни ни се центри за бегалци надвор од територијата на ЕУ, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН. Нема толку фундаментално...

Курц: Конечните одлуки треба да ги донесат партиите, а ние нема да се мешаме

Македонските политички партии треба да ги донесат одлуките кои што се носат по избори, а од наша страна нема да има мешање во понатамошниот тек на настаните, изјави шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц, кој денеска е во посета на земјава. Тој истакна дека интересот на Австрија е во Македонија и понатаму да има силен партнер...

Попоски и Курц ја посетија „котата 59“, но го одминаа кампот „Винојуг“

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Себастија Курц, денеска пристигна во земјава, а попладнево со својот домаѓин, вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски ја посетија котата (граничниот камен) 59 на македонското-грчката граница, кај Гевгелија. Изјава за медиумите, за време на посетата на „котата 59“, даде само Попоски кој истакна дека Македонија одиграла клучна улога во спречувањето...

Курц утре со Попоски ќе оди на „котата 59“ кај Гевгелија

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ за 2017 година, Себастијан Курц утре ќе претстојува во работна посета на земјава во рамките на која ќе се сретне со својот македонски колега Никола Попоски. Според агендата, објавена од Министерството за надворешни работи (МНР), Попоски и Курц утре во 13.30 часот ќе ја посетат котата (граничниот камен) 59 на македонско-грчката граница...

Доскозил: Балканската мигрантска рута мора подобро да се затвори

Министерот за одбрана на Австрија, Ханс Петер Доскозил, во интервју за германскиот весник „Велт“, вели дека неговата држава, заедно со соседните земји, има намера да ги затвори „дупките“ долж балканската миграциска рута заради заштита на границите. Според Доскозил, балканската рута сè уште не е затворена како што треба. Балканската рута во најголем дел беше затворена во март минатата година, но...

Австрија: Уапсено едно лице осомничено за планирање на терористички напад во Виена

Австриската полиција вчера уапсила едно лице, осомничено дека подготвувало терористички напад во главниот град на земјата, Виена, соопшти полицијата, јавуваат светските медиуми. Министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка, изјави дека станува збор за 18-годишен мигрант, кој имал австриско државјанство. Тој додал дека има индиции дека осомничениот планирал да го изврши нападот од радикално-исламистички мотиви. Осомничениот бил уапсен, откако специјалните полициски...

Австрија од 1 јануари го презема претседавањето со ОБСЕ

Од 1 јануари 2017 година, Австрија го презема претседавањето со Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ). Претседавањето со ОБСЕ, кое трае една година, Австрија го презема од досегашниот претседавач, Германија. Австриското претседавање со организацијата доаѓа во многу чувствителен момент, поради украинската криза, која сè уште не е решена, а предизвика и влошување на односите меѓу Западот и Русија. Шефот на австриската...

Австрија како иден претседавач со ОБСЕ ќе бара дијалог со Русија, порача Курц

Австрија следната година, како претседавач со ОБСЕ, ќе бара дијалог со Русија, која со кризата во Украина го прекрши меѓународното право, порача денеска на министерскиот состанок на земјите членки на ОБСЕ, шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц. - И покрај сите црвени линии кои се пречекорени, неопходно е да ѝ се пристапи на Русија, затоа што сè друго нема да...

Потврдена победата на Ван дер Белен на претседателските избори во Австрија

Поранешниот лидер на Партијата на зелените, Александар ван дер Белен, дефинитивно е победник на претседателските избори во Австрија, пред кандидатот на екстремната десница, Норберт Хофер, соопштило денеска австриското министерство за внатрешни работи, објавувајќи ги привремените конечни резултати од изборите. На претседателските избори, кои се одржаа во неделата, Ван дер Белен добил 53,8 отсто, додека Хофер освоил 46,2 отсто од гласовите. Хофер го...

Кандидатот на екстремната десница доживеа пораз на претседателските избори во Австрија

Кандидатот за претседател на Австрија на крајно-десничарската Слободарска партија, Норберт Хофер, доживеа пораз на претседателките избори што се одржаа денеска, јавува „Би-би-си“. Како што пренесува британскиот национален сервис, шефот на кампањата на Хофер ја признал победата на независниот кандидат Александар ван дер Белен, која ја имаше поддршката на Зелените. Иако функцијата на австрискиот претседател е во голема мера церемонијална, денешните претседателските...

Австријците денеска избираат нов претседател на државата

Утринава во 8 часот, во Австрија беа отворени речиси сите избирачки места за претседателските избори, на кои околу 6,4 милиони Австријци ќе одлучуваат меѓу кандидатот на десничарската Слободарска партија, Норберт Хофер, и кандидатот кој ја има поддршката на Зелените, Александар ван дер Белен. Првите резултати, како што пренесуваат медиумите, треба да бидат познати денеска по 17 часот, кога би требало да...

Лавина на Алпитe, има загинати и повредени

Најмалку едно лице загина, а повеќемина се сериозно повредени во лавната што се случи на австриските Алпи. Како што се наведува, до несреќата дошло попладнево, кога на осум скијачи кои се искачувале на планината им се урнала лавина од 3.000 метри височина. Две лица, чиј пол и националност не се наведени и кои не биле повредени во несреќата, ги повикале спасувачите. Сериозно повредените се...

Германија вратила 12.760 бегалци во Австрија

Австрија не се соочува со доаѓање на мигранти преку своите јужни граници, туку од Германија, која со автобуси ги враќа мигрантите што не побарале азил, пишуваат австриските медиуми. Во просек Германија дневно во Австрија враќа по 34 лица, а од август досега во Алпската Република се вратени 1.060 лица. Од почетокот на годинава, бројот на бегалци кои германските полицајци ги вратиле...

Курц: Затворањето на балканската рута беше правилен чекор

Затворањето на балканската рута беше правилен чекор, изјави австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, пред одборот за надворешна политика на австрискиот парламент. Курц ги отфрли тврдењата на пратеничката од Зелените, Ален Корун, дека затворањето на балканската рута придонело за најголемиот товар да падне врз Грција и врз Италија. Тој, исто така, негираше дека официјална Виена води политика на оградување...

Керн: ЕУ мора да се подготви за последиците од акумулацијата на бегалците на Балканот

Земјите од балканската миграциска рута, од Грција до Германија, се согласуваат дека треба да се зајакнат контролите на надворешните граници на ЕУ, изјави денеска австрискиот канцелар, Кристијан Керн, по самитот во Виена. Керн на самиот ги собра колегите од Германија, Словенија, Хрватска, Србија Унгарија, Романија, Бугарија, Македонија, Грција и од Албанија. На состанокот учествуваа и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Ципрас: Мора да го одржиме во живот договорот ЕУ-Турција за бегалците

Европската Унија и Турција мора да ги исполнат заемните обврски за да продолжи имплементирањето на договорот за бегалците, апелираше грчкиот премиер, Алексис Ципрас, по завршувањето на самитот за бегалската криза во Виена. Ципрас побара поголема солидарност и еднакво распределување на товарот и на одговорноста за бегалската криза кај сите европски држави, а не само кај земјите каде првично пристигнуваат бегалците. Тој...

Туск: Мигрантската криза може да се реши само со соработка со Балканот

Услов за решавање на мигрантската криза е тесна соработка на ЕУ со нејзините партнери на Балканот, порача денеска во Виена претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред почетокот на самитот „Мигрантската рута на Балканот“. - Уште од првите денови на миграциската криза, немав сомнеж дека клучот за решавањето на кризата е во враќањето на ефикасната контрола на надворешните граници на...

Димитриев во Виена на самит за бегалската криза

Македонскиот премиерот Емил Димитриев денеска во Виена ќе учествува ќе учествува на Самитот за бегалската криза, насловен „Миграцијата долж балканската рута“. Покрај Димитиев, на самитот, по покана од австрискиот канцелар Кристијан Керн, ќе учествуваат и премиерите на деветте земјите што се наоѓаат на таканаречената балканска рута, односно премиерите Алексис Ципрас од Грција, Миро Церар од Словенија, Тихомир Орешковиќ од Хрватска, Еди...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...