Скопската обиколница отворена за сообраќај

Денеска скопската обиколница ќе биде отворена за сообраќај. Автомото-сојузот на Македонија, во името на продукциската куќа „Шик филмс“ и на „Мануфактура продукција“, информира дека поради временската прогноза, која најавува дожд, обиколницата повторно ќе биде ставена во употреба на граѓаните.

Од 28 септември, снимањето на филмот се сели на автопатот Неготино – Велес, каде ќе остане до 23 октомври, а целиот сообраќај ќе се пренасочува преку стариот пат од Велес до Градско.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.