Сириски хакери го нападнаа профилот на „Монд“

Хакерската група Сириска електронска армија (СЕА) го нападна твитер-профилот на францускиот весник „Монд“.

Членови на СЕА, кои се приврзаници на сирискиот режим, објавија неколку соопштенија, во кои изразија поддршка за Палестина, Сирија и за Африка, а едно од нив беше насловено „Јас не сум Шарли“.