Шпански и фински авиони пресретнале руски летала кај Естонија

Шпански и фински борбени авиони пресретнале три руски авиона кои летале во близина на воздушниот простор на Естонија, соопшти НАТО.

Руските летала се идентификувани како два авиона „миг-31“ и еден транспортен авион „антонов АН-26“, додава НАТО.

За пресретнувањето полетале два шпански авиона „Ф-18“ од воздухопловната база Амари во Естонија, како и фински авиони.

Последниве години зголемен е бројот на руски авиони што се пресретнати НАТО и тоа во време на зголемени тензии меѓу Западот и Москва поради украинската криза.