Шалке не го дава Дракслер

Претседателот на Шалке, Клеменс Тенис, соопшти дека фудбалерот Јулијан Дракслер нема да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

Управата на Шалке преговара со Манчестер сити за да го донесе српскиот фудбалер Матија Настасиќ, поради што германските медиуми шпекулираа дека Дракслер би можел да го напушти Шалке.

– Воопшто не размислуваме така бргу да го пуштиме Дракслер. Шалке е клуб во кој Јулијан може најдобро да се развие и тоа му го кажав. Мислам дека добро се разви – рече Тенис.