СДСМ: Кој е јавниот интерес да се ослободи приватен инвеститор од плаќање на 150.000 евра комуналии

На денешната седница за советнички прашања, ќе го прашаме Коце Трајановски кој е јавниот интерес да се ослободи приватен инвеститор од плаќање на 150.000 евра комуналии, за барокен хотел на плоштадот? Овие 150.000 евра, градот можеше да го искористи за да им помогне на поплавените ширум Македонија. Со овие 150.000 евра можеше да се набават 6 нови специјални возила за лицата со хендикеп, истакна Драги Давчевски, советник во Советот на Град Скопје од СДСМ.

– Чиј интерес брани Коце Трајановски со тоа што за прв пат во историјата простува комуналии за приватен комерцијален објект, хотел на приватен инвеститор? Денеска Коце Трајановски ќе мора да одговори зошто и понатаму ја гази јасно изразената волја на граѓаните на Центар кои му кажаа силно НЕ на криминалниот проект Скопје 2014. На минатата седница на Советот, Коце Трајановски ја подметна оваа одлука на советниците пред самиот почеток на седницата. Точката на дневен ред владејачкото мнозинство ја постави меѓу последните, за да се скријат од јавноста. А за време на дискусијата по точката, молчеа. Немаа што да кажат, немаа никакви аргументи – истакна Давчевски.