Самитот на АСЕАН во Мјанмар ќе го обезбедуваат 20.000 полицајци

Шефот на мјанмарската полиција денеска најави дека ќе биде зајакната и контролата на аеродоромите и на сите гранични премини
Шефот на мјанмарската полиција денеска најави дека ќе биде зајакната и контролата на аеродоромите и на сите гранични премини

Повеќе од 20.000 полицајци ќе го обезбедуваат претстојниот самит на шефови на држави или влади на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), што ќе се одржи од 12 до 15 ноември, во престолнината на Мјанмар, Јангун.

Шефот на мјанмарската полиција денеска најави дека ќе биде зајакната и контролата на аеродоромите и на сите гранични премини.

Покрај шефовите на држави или влади на Мјанмар, Тајланд, Малезија, Виетнам, Лаос, Камбоџа, Индонезија, Сингапур, Брунеј и на Филипините, на самитот во Јангун ќе допатуваат и високи политички претставници на САД, Индија, Јужна Кореја, Јапонија и на Кина.