САД се вклучија во војната во Сирија

САД го изведоа првиот воздушен напад за да ги заштитат бунтовниците кои во Сирија се борат против режимот на Башар ал Асад и џихадистите од Исламска држава, соопшти синоќа Пентагон.

Првиот американски одбранбен напад на сиријска територија беше спроведен во петокот за да се заштитат бунтовничките групи Нова Сирија.

– Сакавме да ја заштитиме Нова Сирија која ја обучувавме – изјавија официјални лица од министерство за одбрана.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Ирнест, изјави дека Сирија не треба да се меша во акциите на американските вооружени сили кои се борат против Исламска држава во таа земја, бидејќи во спротива ќе бидат преземени дополнителни мерки на заштита на тие сили.