Руските сили го нападнаа Харков, меѓу жртвите има и дете

Претседателот Володимир Зеленски ги обнови своите повици до сите меѓународни партнери на Украина да и дозволат да погоди цели во Русија за да се спречат такви напади

-

Четиринаесетгодишно девојче е убиено откако руска бомба во североисточниот украински град Харков погоди игралиште, пишува Би-би-си.

Уште најмалку шест лица загинале, а 59 се повредени.

Претседателот Володимир Зеленски ги обнови своите повици до сите меѓународни партнери на Украина да и дозволат да погоди цели во Русија за да се спречат такви напади. Неговата канцеларија соопшти дека Руските сили истрелале повеќе од 400 беспилотни летала и проектили врз Украина во текот на изминатата недела.

Нападот се случи само неколку часа пред Зеленски да го разреши шефот на неговите воздухопловни сили, генерал-полковник Микола Олешчук.

Харков се наоѓа на околу 35 километри од руската граница и е цел на чести напади од почетокот на целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година.

Регионалниот шеф Олех Синехубов на Телеграм рече дека најмалку 59 лица – меѓу кои девет деца – се ранети, од кои 20 се во тешка состојба.

Тој посочи дека нападите биле лансирани од рускиот регион Белгород, кој се наоѓа веднаш зад границата.

Зеленски рече дека Русија цели кон „обични“ луѓе и дека нападите би можеле да се спречат доколку Украина „има способност да уништи руски воени авиони“.

„Ова е апсолутно легитимна потреба. Не постои рационална причина за ограничување на одбраната на Украина“, кажува тој.

 

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...