САД: Израел веројатно го прекршил меѓународното право со користење американско оружје во Газа

Може да се процени дека ова оружје е користено на начини кои се неконзистентни со обрвските на Израел, но немаме целосни информации во оваа проценка, па затоа испораките може да продолжат, се наведува во соопштението од Стејт департментот

Фото: / IDF Spokesperson's Unit

Продолжува евакуацијата на жителите на градот Рафах во Појасот Газа. Израелската армија денеска побара евакуација од жителите во источниот дел на градот и неговиот центар. Во тие делови на Рафах има и два бегалски кампа.

Во меѓувреме, во збирниот извештај кој беше доставен до Конгресот администрацијата на претседателот Џо Бајден наведува дека постојат разумни докази кои доведуваат до заклучок дека Израел можеби го прекршил меѓународното хуманитарно право преку начинот на кој се води војната во Газа.

„Може да се процени дека ова оружје е користено на начини кои се неконзистентни со обрвските на Израел, но немаме целосни информации во оваа проценка, па затоа испораките може да продолжат“, се наведува во соопштението од Стејт департментот.

Ова соопштение претставува најсилна изјава на актуелната администрација кога станува збор за војната помеѓу Израел и Хамас, но и покрај делумно поострата реторика, сепак, САД не може во целост и со апсолутна сигурност да го потврди користењето на нивната технологија за целите на овие случаи.

„Може да се процени дека ова оружје е користено на начини кои се неконзистентни со обрвските на Израел, но немаме целосни информации во оваа проценка, па затоа испораките може да продолжат“, велат од Стејт департментот.

Американскиот претседател Џо Бајден пред неколку дена дури се закани со запирање на испораки на оружје.