Директорот на Општата болница Охрид, денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинирал спротивно од предвидениот план за вакцинација против ковид-19, во модуларната болница на КИБФС во Скопје, информира Министерството за здравство.

„Министерството за здравство ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на ковид имунизација. Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Апелираме до сите здравстени установи кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем „Мој термин“, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот, ќе следуваат строги санкции“, соопшти Министерството за здравство.