Променливо облачно и топло време денеска, од утре заладување

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди, а во западните ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 Целзиусови степени, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, времето ќе биде умерено облачно, со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 Целзиусови степени.

Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.  Поради спуштање на постуден воздух, попладнето и во вечерните часови врнежите ќе преминат во снег и на некои повисоки места. Наутро по котлините ќе има услови за појава на магла.

Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури.