Потегот од улицата на кој ќе има посебен режим на сообраќај | Фото: Град Скопје

На дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на паркот „Македонија“ во општина Карпош, поради изведба на градежни работи за поставување на вреловод, денеска ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните активности што ќе ги реализира Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје.

Во септември, времена сообраќајна измена на режимот ќе има и на мал дел од ул. Јуриј Гагарин, каде што ќе се изведува прекоп за поврзување на вреловодната мрежа.