Претпладне топло, попладне со услови за локален дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево и топло, попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната температура од 27 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до 20, а дневната температура до 35 Целзиусови степени.

Потоа до вторник следува период на сончево, стабилно и повторно многу топло време.