Продадени преку 2 милиони билети за Параолимписките игри во Париз

Меѓу големите светски имиња во Париз е Бразилецот Петруцио Фереира, најбрзиот параолимпиец во светот, кој ќе се надева дека ќе ја задржи титулата Т47 на 100 метри. Неговиот светски рекорд е 10,29 секунди.

Gail Leenstra, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Во главниот француски град во средата се одржа церемонијата на отворање на Летните параолимписки игри (ПОИ) 2024 година, а oколу 4.400 спортисти од 168 земји, меѓу кои и Македонија, ќе настапат во 22 параолимписки спорта низ 11 натпреварувачки дена.

„Често велам дека ова ќе бидат најспектакуларните Параолимписки игри досега, и верувам во тоа“, вели претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет Ендрју Парсонс, а пренесува Би-би-си.

За настанот биле продадени преку 2 милиони билети.

По Олимпијадата каде Франција заврши на петтото место на табелата за медали, домаќините сакаат да го пренесат тој моментум на Параолимпијадата, и во однос на спортското натпреварување и атмосферата околу настано.

Меѓу нивните надежи за злато е пара-триатлонецот Алексис Ханкинквант, еден од француските знаменосци на церемонијата на отворање. Тој се обидува да ја задржи титулата од Токио во категоријата PTS4.

„Олимписките игри беа огромен успех, со многу гледачи, голем ентузијазам и одлична атмосфера. Се разбира, сите се надеваме дека ќе го доживееме тоа и на Параолимписките игри“, рече Ханквинквант.

Ханквинквант и организаторите се надеваат дека реката Сена нема да биде проблем за време на Параолимпијадата, откако олимпискиот триатлон за мажи беше одложен за еден ден, а тренинзите беа откажани поради лошиот квалитет на водата.

Меѓу големите светски имиња во Париз е Бразилецот Петруцио Фереира, најбрзиот параолимпиец во светот, кој ќе се надева дека ќе ја задржи титулата Т47 на 100 метри. Неговиот, а воедно и светски рекорд е 10,29 секунди.

Германецот Маркус Рем се натпреварува за својата четврта параолимписка титула во скок во далечина.

Како и со Олимпијадата, на Русија и Белорусија им е забрането да испраќаат спортисти на Параолимписките игри поради тековната војна во Украина.

Сепак, на некои руски и белоруски спортисти им е дозволено да учествуваат како неутрални – во делегацијата на неутралните параолимписки спортисти (НПА) ќе учествуваат до 90 натпреварувачи од Русија и осум од Белорусија.

Сите НПА биле независно проверени за да се осигура дека не ја поддржале војната во Украина и оти не се договорени со војската.

Ќе има и осум спортисти кои ќе го претставуваат параолимпискиот тим за бегалци.