Предлог-законот за забрана за вршење нерегистрирана дејност во собраниска процедура

Предлог-законот за забрана за вршење нерегистрирана дејност денеска влезе во собраниска процедура. Законот има цел да ја намали сивата економија, да го зголеми бројот на работни места и да ги унапреди работничките права.

Како што е најавено од Собранието на Република Македонија, тој треба да го спречи вршењето нерегистрирани дејности од поголем обем, а не ги опфаќа работата и услугите во домаќинствата, работата за сопствени потреби, соседската помош и семејната помош, работата во итни и во вонредни ситуации…