Повредено осумгодишно дете при удар со автомобил

Осумгодишно дете од село Боговиње вчера е повредено откако во него удрил „мерцедес“ со словачка национална ознака, што го управувал Р.Љ. (34), исто така од Боговиње.

Според полицијата, несреќата се случила околу 14 часот, на регионалниот пат Тетово – село Пирок, пред раскрсницата за село Горно Седларце.

По укажаната лекарска помош во тетовската болница, детето е префрлено во Скопје.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од СВР-Тетово.