Последен ден за поднесување даночни пријави во УЈП

Повеќе од 330.000 граѓани веќе ја исполниле обврската за поднесување годишна даночна пријава до УЈП, од кои повеќе од 1.500 ја искориле можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси. Оние што не поднеле годишна даночна пријава, може да го сторат тоа уште денеска.

Крајниот рок за поднесување годишна даночна пријава е 15 март, но бидејќи овој датум годинава беше во недела, пријавата може да се поднесе и денеска, понеделник.

Како што соопштуваат од УЈП, и покрај големиот број годишни даночни пријави кои изминатите неколку дена се поднесуваат до УЈП (од 40.000 до 50.000 пријави дневно), не се регистрирани застои и поголеми чекања пред даночните шалтери.