Поштар ја присвојувал социјалната помош

Кривична пријава е поднесена против П.Ѓ. (46) од Гостивар, поради постоење основи за сомнеж дека сторил злоупотреба на службената положба и овластување и дека фалсификувал исправа.

Пријавениот, како вработен во АД „Македонска пошта“ – Гостивар, на работно место поштар, во текот на 2013 и на 2014 година, ги фалсификувал потписите на 12 лица – примачи на социјална помош и туѓа нега, стекнувајќи противправна имотна корист од 78.062 денари.