Фото: МВР

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 842 возачи.

Од нив 57 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 399 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 443 надвор од населено место.

Казна доби и И.А. (68) од гостиварското село Чегране, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје.

Како што информираа од МВР, изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на МВР.