Почина легендата на францускиот филм Ален Делон

Делон се во последните години се соочуваше со многу здравствени проблеми

Фото: Angelo Deligio/ wikipedia

Ален Делон, француски актер, продуцент и писател почина на 88 години. Неговото семејство денеска соопшти дека тој починал мирно во својот дом во Души, опкружен со неговите три деца и неговото семејство. Делон се во последните години се соочуваше со многу здравствени проблеми.

Тој е роден во Ско, предградие јужно од Париз, а своето прво појавување на филм го имаше во 1957 година. Делон е познат по улогите во „Борсалино“, „Самурај“, „Леопард“, „Љубовница на играта“ и „Роко и неговите браќа“.

Во 1968 година, Делон беше фатен во скандал со секс, дрога и убиства во француското високо општество, познат како афера Марковиќ. Тој беше испрашуван, но никогаш не беше обвинет.